Промовирани огласи »

Отвораме повеќе врати за младите: KARIERA.mk дел од настанот „Инклузивни политики на вработување“

Што може да се промени за младите полесно да дојдат до работа?

Создавањето поинклузивен пазар на труд и повеќе можности за вработување на младите беше во фокусот на настанот „Инклузивни политики на вработување“, на кој учествуваше и генералниот менаџер на KARIERA.mk Ружица Доневска

Во разговорот со Иван Штерјоски, Национален менаџер на проектот „Зајакнување на младите преку нови можности 2“, беше истакната важноста од создавање еднакви и достапни можности за младите, особено за оние кои се соочуваат со социјални и економски предизвици.

Како платформа која ги поврзува кандидатите и работодавачите, KARIERA.mk ја поддржува потребата од поинклузивни процеси на вработување и создавање повеќе можности младите да го покажат својот потенцијал.

На настанот се разговараше и за професионалното менторство, поддршката при интеграција на работното место и добрите практики кои можат да им помогнат на младите полесно да се вклучат на пазарот на труд.

Инклузивното вработување значи отворање повеќе врати, создавање реални можности и поддршка за секој млад човек да го направи својот следен професионален чекор.

Тагови: млади пазарот на труд СОС Детско село Зајакнување на младите преку нови можности 2

Промовирани огласи »

5 грешки што ги правиме во работните групни четови

Вашата порака можеби звучела нормално, но колегите ја разбрале сосема поинаку

Работните групни четови денес се дел од секојдневието. WhatsApp, Viber, Teams, Slack или друга платформа комуникацијата често се одвива со неколку пораки наместо со мејл или состанок.

Но, токму затоа што пишувањето е брзо и неформално, лесно можеме да испратиме порака што ќе биде погрешно разбрана или ќе остави непрофесионален впечаток.

Еве пет чести грешки што вреди да ги избегнувате.

1. Пишувате пораки што можат да се протолкуваат на повеќе начини

Во пишана комуникација го нема тонот на гласот, изразот на лицето или говорот на телото.

„Добро.“ „Во ред.“ „Како што сакаш.“ Можат да звучат сосема различно во зависност од контекстот.

Ако пораката се однесува на важна задача, подобро е да бидете конкретни: „Во ред, ќе ја завршам задачата до 15:00 часот.“

Јасната порака остава помалку простор за погрешно толкување.

2. Пишувате кога сте лути

Работниот чет не е најдобро место за реакција во момент на лутина. Една кратка порака напишана во погрешен момент може да звучи многу поостро отколку што сте замислиле особено кога ја читаат сите членови на групата. Ако нешто ве изнервирало, направете пауза пред да одговорите.

Ако проблемот е сериозен, можеби е подобро да го решите директно со лицето или на разговор, наместо пред целата група.

3. Ја преплавувате групата со непотребни пораки

„Добро утро 😊“ „Хаха.“ „Да.“ „И јас.“ „Супер.“

Во приватен разговор ваквите пораки можеби не се проблем. Но, во работна група, десетици кратки пораки можат да ја затрупаат комуникацијата и да ја сокријат важната информација.

Пред да испратите порака, прашајте се: Дали ова е корисно за сите во групата или можам да го испратам приватно? Понекогаш една добро составена порака е подобра од пет кратки.

4. Очекувате одговор веднаш

Само затоа што некој ја прочитал пораката, не значи дека може веднаш да ви одговори. Особено ако групата се користи за работа, важно е да се почитува времето и концентрацијата на другите.

Наместо: „???“ „Ќе одговориш ли?“ „Има ли некој да ми врати?“ ако прашањето не е итно, оставете разумно време за одговор.

Ако е навистина итно, кажете го тоа јасно и наведете до кога ви е потребна информацијата.

5. Работните групи ги претворате во место за озборување

Една од најголемите грешки е да се заборави дека во работниот групен чет сè што ќе напишете може да биде прочитано, зачувано или препратено. Коментари за колеги, потсмевање, критики за менаџери или интерни озборувања можат брзо да создадат непријатна ситуација.

Дури и ако мислите дека групата е „безбедна“, добро правило е: Не пишувајте во работен чет нешто што не би го кажале лице в лице.

Работниот чет не е исто што и приватниот чат

Брзината на комуникацијата не значи дека професионалните правила престануваат да важат.

Пред да испратите порака, размислете дали е:

  • Јасна;
  • Потребна;
  • Испратена до вистинските луѓе;
  • Соодветна по тон;
  • Испратена во соодветно време.

Понекогаш најпрофесионалната порака е онаа што ќе ја прочитате уште еднаш пред да притиснете „Send“.

Работните групни четови треба да ја олеснуваат комуникацијата, а не да создаваат дополнителни недоразбирања. Затоа, пишувајте кратко, јасно и со почит – и не заборавајте дека зад секоја порака стои човек кој можеби ќе ја прочита сосема поинаку од начинот на кој сте ја замислиле.

Прочитајте и за: 5 грешки при градење професионални контакти

Тагови: Microsoft Teams совети за работа WhatsApp Viber Slack

Промовирани огласи »

Бесплатни патни карти низ Европа за младите од Македонија

ЕУ отвора нов повик за DiscoverEU: младите од Македонија родени во 2008 година можат да аплицираат за бесплатна патна пропусница и да патуваат низ Европа.

Младите од Македонија кои во 2026 година ќе наполнат 18 години ќе можат да аплицираат за бесплатна патна пропусница преку програмата DiscoverEU, соопшти Европската Унија. Во новиот круг ќе бидат доделени околу 40.000 пропусници, а повикот е отворен и за млади од земји придружени на Erasmus+, меѓу кои е и Македонија.

Пријавувањето започнува на 1 октомври во 12 часот и ќе трае до 15 октомври 2026 година во 12 часот, според бриселско време, преку Европскиот младински портал. Право на учество имаат младите родени меѓу 1 јануари и 31 декември 2008 година. За аплицирање е потребен број од лична карта, пасош или документ за престој, по што следува краток квиз за Европската Унија и европските младински иницијативи.

Избраните кандидати ќе можат да патуваат низ Европа од 1 март 2027 до 31 мај 2028 година, со можност за до седум дена патување во период од еден месец. Покрај бесплатната карта, учесниците ќе добијат и DiscoverEU картичка со попусти за сместување, културни и спортски активности и локален превоз. Програмата, која е дел од Erasmus+ и постои од 2018 година, досега им овозможила патување на околу 473.000 млади, а за есенскиот повик е обезбеден буџет од 23,5 милиони евра.

Пријавување и официјални правила на DiscoverEU на македонски јазик: https://youth.europa.eu/discovereu/rules_mk

Тагови: Европа Македонија млади бесплатната карта

Промовирани огласи »

Подгответе се за промена на времето

Попладнето носи промена

Денес времето ќе биде претежно облачно и посвежо, со повремени врнежи од дожд кои ќе продолжат и во ноќните часови. На места се очекуваат пообилни врнежи, со над 30 литри дожд на квадратен метар. Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од југоисточен правец.

Во Скопје ќе преовладува облачно и постудено време. Во попладневните часови и во текот на ноќта се очекуваат повремени врнежи од дожд, а во одредени делови од котлината тие ќе бидат умерени, повремено и засилени. Ветерот ќе биде слаб до умерен и ќе дува од променлив правец.

Временска прогноза за Скопје. За другите градови кликни ТУКА.

26.9.2026 Сабота   12° / 19° 08:26   20:28
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h




12°
12°
12°
12°
12°
12°
13°
15°
16°
18°
19°
19°
19°
19°
19°
17°
16°
15°
13°
12°

1

2

2

2

2

2

2

2

2

2

2

2

2

3

3

3

3

3

3

3
27.9.2026 Недела   9° / 22° 08:27   20:26
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h
12°
11°
11°
10°
10°
10°
9°
9°
10°
13°
15°
17°
19°
21°
22°
22°
22°
22°
21°
20°
18°
16°
15°
13°

3

3

3

3

3

3

2

3

3

3

2

3

3

2

3

3

3

3

3

2

2

2

2

2
28.9.2026 Понеделник   9° / 23° 08:28   20:25
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h
12°
11°
11°
11°
10°
10°
10°
9°
10°
13°
16°
18°
20°
21°
22°
22°
23°
22°
22°
20°
18°
16°
16°
16°

2

2

2

2

2

2

2

2

2

2

2

2

2

2

2

3

3

4

4

3

2

2

2

2
Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »