АЛМА - М ДООЕЛ  СКОПЈЕ лого

МЕНАЏЕР ЗА ПРОДАЖБА

За компанијата: Компанијата е основана во 1991 год. во Скопје и иницијално се занимава со увоз и извоз на стоки од широка потрошувачка. Во 1996 год. за прв пат доби можност да врши увоз, дистрибуција и продажба на производите... повеќе за компанијата »

Ние во Алма-М веќе 28 години сериозно ги проучуваме и подготвено ги пречекуваме сите промени и новости кои доаѓаат, преку развој, дејствување и трансформација на бизнисот, носејќи нови квалитети за нашите клиенти. Посветуваме посебно внимание на развој на човечките ресурси. Привлекуваме, развиваме и задржуваме најдобри професионалци и наградуваме за нивните резултати.

 

По повод проширувањето на бизнисот со нова дивизија, бараме нови колеги кои ќе добијат можност за кариерен развој во Алма-М, со вештини и квалификации наведени подоле во огласот.

 

Алма-М објавува ОГЛАС за следната работна

Позиција: МЕНАЏЕР ЗА ПРОДАЖБА

 

Датум на објава: 24 Септември 2019

Рок за пријавување до: 30 Септември 2019

Број на оглас: О-ХМ-МП-190922-7

Сектор: Продажба

Локација / Регион: Цела Македонија

Супервизор: Генерален Менаџер

 

Работни задачи:

  • Координира и извршува активности поврзани со реализација на планирана продажба, дистрибуција, м’рчндајзинг и наплата на цела територија на Р. Македонија,
  • Развива годишен бизнис план и стратегија на продажба за остварување на компаниски цели и профитабилност,
  • Планира неделна, месечна, квартална и годишна продажба по регион и КА/ЛКА ланци,
  • Планира и контролира залиха на стока за продажба и средства за работа,
  • Предлага и креира акции, проекти и други активности,
  • Имплементира акти и политики кои ги носи менаџментот на компанијата,
  • Прави постојана контрола и анализа на продажба и пазарна структура,
  • Одржува највисоко професионално ниво на деловна соработка со клиенти, потпишува договори за соработка и се грижи за имплементирање на истите,
  • Спроведува тренинзи за продажба,
  • Секогаш се стреми кон раст и развој на компанијата преку изнаоѓање нови програми-бизниси,
  • Изработува и поднесува различни извештаи за целокупното работење,
  • Координира соработка на неговиот тим со останатите сектори во компанијата (финансии, администрација, логистика...).

 

Потребни квалификации и вештини:

  • Минимум завршено високо образование, 
  • Флексибилност за работа на терен,
  • Одлична комуникација, преговарање и ориентираност кон деловни клиенти,
  • Професионално однесување,
  • Организирана, аналитична, мотивирана и стабилна личност,
  • Динамичен/а, проактивен/а и насочен/а кон резултати,
  • Способност за индивидуална и тимска работа,
  • Позитивен однос кон промени,
  • Работа и познавање од компјутери (MS Office пакет),
  • Поседување возачка дозвола Б – категорија,
  • Познавање на назначениот регион,
  • Познавање на англиски јазик.

 

Потребно искуство:

  • Минимум 5 години работно искуство на иста или слична позиција во менаџмент.

 

Сите што ги поседуваат горенаведените квалификации и вештини СЕ ПОКАНЕТИ ДА АПЛИЦИРААТ со нивната професионална биографија која може да ја достават на следната e-пошта:  [најави се за да го видиш е-маилот] со задолжителна назнака на бројот на оглас, во насловот на пораката.

 

Напомена:

  • Работниот однос се заснова на определено време од 3 месеци, период на докажување на способности, со можност за продолжување.
  • САМО апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
  • Апликациите без назнака на бројот на оглас, во насловот на пораката, НЕМА да бидат разгледани!
  • Дневно работно време е претпладне, од 08.00 до 16.00 часот, од понеделник до петок.
  • Рок во кој ќе се изврши изборот – доколку на огласов се пријават до 200 кандидати, изборот ќе се изврши во рок од 45 дена, од 201 до 500 кандидати, изборот се врши во рок од 90 дена и над 500 кандидати, изборот се врши во рок од 120 дена, по истекот на рокот за пријавување.
  • Ве молиме без телефонски јавувања

 

АЛМА-М ДООЕЛ Скопје е секогаш отворена за соработка со кандидати кои се вредни ентузијасти и сакаат да работат со тим кој секогаш е спремен за нови предизвици во иновативна и динамична околина.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · забава · hr вести · hr совети · блог
барај огласи за вработување »