
ЕМБС: 5236550
Индустрија: Трговија
Адреса: ул. Качанички Пат бр. 65а
Град: Скопје
Основана во 1991
Компанијата Алма‑М ДООЕЛ, со седиште во Скопје (ул. Качанички Пат бр. 65а), е еден од водечките дистрибутери на прехранбени производи и кондиторски производи во Северна Македонија. Основана во 1991 година како приватно друштво за увоз и извоз на широка потрошувачка, Алма‑М постепено се позиционира како главен играч во трговијата на големо и мало.
Компанијата е основана во 1991 год. во Скопје и иницијално се занимава со увоз и извоз на стоки од широка потрошувачка. Во 1996 год. за прв пат доби можност да врши увоз, дистрибуција и продажба на производите од реномираната компанијата WRIGLEY. Во 1999 год. Алма-М се проширува на територијата на Р.Косово со седиште во Приштина за кaде го добива правото за увоз и дистрибуција и продажба на WRIGLEY производите и за Р Косово. Во Октомври 2004 год. Aлма-М склучи договор со тогашен МобиMак денешен T-Mobile со кој се овластува да биде Master Dealer за дистрибуција и продажба на нивните производи на територијата на Р. Македонија. Во 2005 год. градењето на партнерски однос продолжува и со компанијата Македонски Телекомуникации, сегашен Т-Home. Во 2006 год. Алма-М стана дистрибутер на најголемата светска компанија за храна Nestle на територијата на Македонија. Во 2010 год. ja превзема дистрибуцијата на Nestle Icecream во Македонија.