
Плата од 35.000 ден. до 45.000 ден.
Продукт менаџер во Akcija24
Акција24 – една од најбрзорастечките е-commerce платформи за мебел во регионот, со над 15.000 производи и присуство во 4 земји – бара Продукт менаџер кој ќе ни помогне да го дигнеме понудата и продажбата на ново ниво.
🚀 Ако си снаодлив/а, знаеш што значи добра организација, и имаш страст за производи, податоци и резултати – тогаш ти си токму личноста што ја бараме!
👇 ШТО ЌЕ РАБОТИШ:
- Ќе бидеш одговорен/на за управување со целиот каталог на производи на сајтот: додавање, оптимизирање, анализирање.
- Ќе соработуваш со набавка, маркетинг и магацин – за производот да има точни информации, добра слика и да биде спремен за продажба.
- Ќе следиш кои производи најдобро се продаваат, кои не – и ќе носиш одлуки врз база на податоци.
- Ќе предлагаш нови производи, ќе го прошируваш асортиманот, и ќе помагаш да го зголемиме просечниот приход по нарачка.
✅ БАРАМЕ:
- Минимум 2 години искуство во менаџирање со податоци, продукти и категории.
- Одлични Excel вештини и искуство со табели, бројки и сортирање податоци.
- Kористење на AI алатки за автоматизација, анализа и оптимизација на процеси.
- Силна комуникација и одлична организација – ќе бидеш централна алка помеѓу различни сектори (набавка, маркетинг, магацин и грижа за корисници).
- Способност за следење и анализирање на перформанс на производи, категорија и трендови.
- Брзина и прецизност при внес и ажурирање на информации во системи.
- Самоиницијативност и проактивност – очекуваме предлози, не само извршување.
- Пожелно е искуство со e-commerce платформи, ERP системи или други inventory алатки
🛠️ НУДИМЕ:
- Работа во брзо растечка компанија која е лидер во онлајн продажба на мебел во Регионот.
- Тим со амбиција, брзи одлуки и култура што вреднува резултати.
- Можност за унапредување и проширување на одговорностите.
- Конкурентна плата и флексибилност.
📩 Аплицирај со твоето CV на email: [најави се за да го видиш е-маилот] со наслов „Продукт менаџер – Твоето Име“.
🪑 Во Акција24, твојата улога не е само табела – туку стратегија, резултати и влијание врз понудата што ја гледаат илјадници корисници секојдневно.
Слични огласи »