Микрокредитна фондација ХОРИЗОНТИ лого

Референт за управување со кредитно портфолио - Струмица

(преземи го огласот во Word)

ОГЛАС

Референт за управување со кредитно портфолио – филијала СТРУМИЦА

Кои сме ние:

Микрокредитна фондација Хоризонти е една од водечките микрофинансиски организации во земјата, која во изминатите 25 години  овозможи пристап и финансиска поддршка на преку 20.000 корисници меѓу кои: сопственици на мали бизниси, индивидуални земјоделци и население со потреби во домувањето. Целта на оваа поддршка е унапредување на економските активности на клиентите и подобрување на нивниот животен стандард. Седиштето е во Скопје, а деловните активности ги извршува преку 8 филијали, лоцирани во 7 поголеми градови од земјата. Повеќе информации може да добиете на www.horizonti.org.mk

Основни работни задачи и одговорности:

  • Прием, проверка и обработка на кредитни апликации;
  • Анализа на кредитната способност на апликантите;
  • Подготовка на предлог-одлуки и препораки за одобрување или одбивање кредити;
  • Следење на кредитно портфолио и навремено детектирање на ризици;
  • Остварување професионални контакти со клиенти;
  • Изработка и ажурирање на потребна документација;

Што може да очекувате:

  • Конкурентна почетна плата;
  • Можност за остварување на бонуси и зголемување на основната плата по првата година;
  • Право на сите законски надоместоци како и оние на ниво на организација;
  • Дополнително приватно здравствено осигурување, согласно интерните услови и критериуми;
  • Работно време од 08:00-16:00 часот;
  • Повремена работа на терен;
  • Мотивирачка работна средина, личен развој преку обуки и до обучување;

Вие сте вистинскиот кандидат доколку:

  • Сте жител на Струмица или околината;
  • Имате основно познавање на Англиски јазик
  • Имате работно искуство со кредитирање или работа со клиенти (продажба)
  • Имате факултетска диплома или завршено средно образование (економска струка)
  • Поседувате возачка дозвола Б категорија и сте активен возач
  • Имате основно познавање на MS Office
  • Сте подготвени да работите во динамична средина и на терен
  • Имате добри комуникациски и аналитички способности

Услови за аплицирање:

  • Заинтересирани кандидати треба да испратат свое CV и мотивационо писмо (опционално) на [најави се за да го видиш е-маилот]
  • Рок на доставување и прием на апликации е 16.02.2026 до 16:00 ч.

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »