Profi Credit NMK Dooel лого

Експерт за кредитирање во филијала - Скопје

За компанијата: ПРОФИ КРЕДИТ Македонија е дел од меѓународната финансиска групација Profireal Group која почнува со работа во 1994 година и својот бизнис го шири со канцеларии во Чешка, Полска, Словачка, Бугарија, Русија... повеќе за компанијата »
  • Објавен пред 6 часа
  • Profi Credit NMK Dooel
  • Активен до 24.07.2026
  • Позиција: Економист/Сметководител/Ревизор
  • Локација: Скопје
  • Телефон: 15004
  • Веб: www.proficredit.mk
  • Facebook: линк

Експерт за кредитирање – Скопје

Доколку сте комуникативна, енергична и одговорна личност, сакате работа со клиенти и ве мотивираат резултати, тогаш оваа позиција може да биде вистинскиот следен чекор за Вас.

ПРОФИ КРЕДИТ НМК ДООЕЛ објавува оглас за вработување на позицијата Експерт за кредитирање во нашата експозитура во Скопје.

Кои сме ние?

ПРОФИ КРЕДИТ Македонија е дел од меѓународната финансиска групација Profireal Group, која започнува со работа во 1994 година и го развива својот бизнис во повеќе земји, меѓу кои Чешка, Полска, Словачка, Бугарија, Русија и Филипини.

Во Република Северна Македонија, компанијата започна со работа во февруари 2023 година, со цел да понуди едноставни, достапни и брзи финансиски решенија за клиентите.

Од што се состои работата?

Како Експерт за кредитирање, Вашата главна улога ќе биде активна комуникација со постоечки и потенцијални клиенти, презентација на кредитните производи на компанијата и поддршка на клиентите низ процесот на аплицирање и реализација на кредит.

Работните задачи вклучуваат:

  • директна комуникација со клиенти во експозитура, телефонски и преку други канали;
  • презентација и продажба на кредитни производи согласно потребите на клиентите;
  • прибирање и проверка на потребна документација;
  • водење на клиентот низ процесот на аплицирање;
  • грижа за квалитетот на клиентското портфолио;
  • следење на договорените обврски на клиентите;
  • остварување на индивидуални и тимски продажни цели;
  • работа во динамично и резултатски ориентирано опкружување.

Што очекуваме од Вас?

  • најмалку завршено средно образование;
  • комуникативност, одговорност и позитивен пристап;
  • желба за работа со клиенти и постигнување резултати;
  • развиени продажни и преговарачки вештини;
  • способност за убедлива и професионална комуникација;
  • основна компјутерска писменост, особено MS Office;
  • организираност, упорност и ориентираност кон цели;
  • подготвеност за работа во динамична средина.

Искуство на иста или слична позиција во продажба, финансиски сектор, кредитирање, наплата или работа со клиенти ќе се смета за предност.

Што нудиме?

  • работа со договор за вработување;
  • фиксна плата и можност за месечни и квартални бонуси врз основа на постигнати резултати;
  • професионална обука и воведување во работата;
  • можност за развој и напредување;
  • работа во меѓународна финансиска групација;
  • динамична работна атмосфера;
  • регрес за годишен одмор, односно К-15;
  • дополнителни бенефиции.

Како да аплицирате?

Доколку се препознавате во описот и сакате да станете дел од нашиот тим, испратете ја Вашата биографија.

Сите доставени податоци ќе бидат разгледувани и чувани со строга доверливост, согласно Законот за заштита на личните податоци.

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани и поканети на интервју.

Ве очекуваме!

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »