ЖАС ГРУПАЦИЈА КОНТЕЈНЕРСКИ ТРАНСПОРТ ДОО Скопје лого

Економист со уверение за обичен сметководител

За компанијата:

INTERNATIONAL TRUCK TRANSPORT.

повеќе за компанијата »

О     Г    Л     А    С

За прием на работници на определено работно време

       ЖАС ГРУПАЦИЈА ДОО Скопје со седиште на ул. Перо Наков бр.1, Гази Баба – Скопје, поради проширување на својот тим  има потреба од:

ЕКОНОМИСТ СО УВЕРЕНИЕ ЗА ОБИЧЕН СМЕТКОВОДИТЕЛ - 1 (една) позиција

Потребни квалификации:

  • Поседување на Уверение за обичен сметководител
  • Работно искуство од областа на сметководството и финансиите минимум 3 години
  • Работа со компјутери (познавање на MS Office пакетот и работа со интернет)
  • Пожелно возачка дозвола Б категорија
  • Познавање на англиски јазик.

Способности и вештини:

  • Комуникативна, исполнителна, одговорна и лојална личност, способна за тимска и самостојна работа во динамична средина, со одлични организациски способности и спремност за работа под притисок и запазување на рокови.

Работни задачи:

  • Материјално работење;
  • Финансиско работење;
  • Изготвување и книжење на влезна и излезна финансиска документација;
  • Пожелно е познавање на доставување на извештаи и поднесоци до УЈП, ЦРМ, НБРМ.
  • Работа и комуникација со релевантни институции;
  • Останати сметководствени и финансови работи кои произлеуваат од дејноста.

Избраниот кандидат ќе заснова работен однос на 3 месеци, со можност за продолжување во зависност од прикажаните резултати во работењето.

Работата ќе се извршува со полно работно време (40 часа) од понеделник до петок. Дневното работно време започнува во 08:00, а завршува во 16:00 часот.

Висината на месечната плата е во зависност од квалификациите и условите кои ќе ги исполнува кандидатот.

       Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат наведените услови својата кратка биографија (CV) да ја испратат на следната e-mail адреса: [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака за работна позиција за која аплицираат, најдоцна до 23.09.2021 година. Ненавремените и нецелосните апликации нема да бидат земени во предвид.

Сите податоци добиени преку апликациите ќе бидат користени доверливо и во согласност со Законот за заштита на лични податоци.

Само оние кандидати кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат повикани на интервју.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · забава · hr вести · hr совети · блог
барај огласи за вработување »