
За компанијата:
Брендот Божиновски часовници и накит веќе 30 години е синоним за успех и квалитет обединувајќи ги луксузот, убавото живеење, стилот и луѓето преку искуства кои инспирираат. Компанијата Божиновски часовници... повеќе за компанијата »
(преземи го огласот во Word)
Сакате да се изградите како професионалец за презентација и продажба на луксузни производи и престижни брендови? Да станете експерти во светот на часовници и накит, изучувајќи ги техничките карактеристики и дизајнот на светски препознатливи брендови како Omega, Breitling, Damiani, TAG Heuer, Longines, Hamilton, Tissot, Swatch...
Ако е така, ова е вистинската можност за вас!
Ваша апликација со професионална биографија испратете ја најдоцна до 10.01.2026 год. на Renata [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака Асистент за продажба – Скопје
Асистенти за продажба
Одговорности:
- Асистентот за продажба е одговорен навремено и континуирано да ги следи и да излегуваво пресрет на барањата и обврските на клиентите
- Да создаде пријатна атмосфера при прием и пристап кон клиенти
- Да препорача производи базирани на детално техничко знаење и преференции на клиентите
- Ефикасно да ги искористи техниките и обуките за да создаде и задржи задоволна и лојална база на клиенти
- Да ги научи техничките аспекти на колекцијата на часовници и накит како и нивните специфични карактеристики
- Да обезбедицелосно пакување на производот заедно со сите документи што се однесуваат на истиот
- Одговара за одржување на стандардите за изложување и визуелна презентација на производите во продажниот салон
- Одговара за уредно складирање и чување на залихите во продажниот салон
- Ефикасно оперира со касата и ги одржува сите финансиски трансакции
- Строго се придржува до политиките на компанијата
Квалификации:
- Минимум 2 години искуство во водење на интерактивна комуникација и односи со клиенти (искуство во продажба ќе се смета за предност)
- Одлична способност за ефективна усна и писмена комуникација
- Способност за ефективна работа и самостојно и како тимски играч
- Мотивирана личност управувана од остварување на резултати
- Високо организирана и одговорна личност со особено внимание на детали
- Достапност за работен распоред со полно работно време врз основа на деловните потреби и вклучително и втора смена, викенди и празници
Забелешка: Исклучително ќе се ценат кандидати со особена страст спрема продажбата кои поседуваат силна желба да учат за нашите престижни производи со амбиции да станат членови од суштинско значење за нашиот тим.
Слични огласи »