Со доаѓањето на крајот на годината, природно го заокружуваме и третото поглавје од подкастот „На Каде Одиме?“ 🎙️✨ Сезона исполнета со инспиративни гости, реални приказни, корисни искуства и разговори што отворија важни прашања за кариерата, бизнисот и личниот развој.
Во последната епизода од третата сезона, како наш финален гостин ни се придружува Марија Ристовска – E-commerce Project Manager, Marketing & PR Consultant и Strategist 💡🛒, професионалец со богато искуство во дигиталната трговија, маркетинг стратегиите и градењето одржливи онлајн бизниси.
Низ искрен и динамичен разговор, Марија го споделува својот професионален пат – од учеството во Grouper Work & Travel USA, па сè до активното вклучување во Асоцијацијата за е-трговија, каде што денес работи на развој и унапредување на е-commerce екосистемот кај нас. Таа зборува отворено за предизвиците, учењата и клучните моменти што ја обликувале нејзината кариера.
Во епизодата се допираат и неколку исклучително важни теми за сите што се занимаваат или размислуваат да започнат со е-трговија. Марија ги разоткрива најчестите заблуди околу е-продавниците, објаснува како изгледа успешен процес од прв контакт со клиент до реализирана продажба, и посочува на што мора особено да се внимава при отворање на онлајн продавница.
Посебен акцент се става и на тоа што можат македонските е-трговци да научат од глобалните платформи како Temu, како и кои се клучните предизвици со кои денес се соочува е-трговијата кај нас – од логистика и доверба, до корисничко искуство и дигитален маркетинг.
Оваа епизода претставува вистинско заокружување на сезоната – разговор кој носи вредни практични совети, реални примери од терен и јасна слика за тоа што значи да се гради успешен и одржлив е-commerce бизнис во современи услови.
🎧 Епизодата е достапна на YouTube и Spotify:
Тагови: интервју поткаст E-commerce