Промовирани огласи »

Што е мача и зошто станува сè попопуларен

Овој зелен напиток го пие целиот свет – еве зошто

Мача е фин прав од зелен чај од јапонско потекло, создаден од цели листови што се одгледуваат под сенка за да се задржат хранливите состојки. Овој пијалак, кој има интензивна зелена боја и специфичен вкус, стана популарен глобално, вклучително и кај нас, а честопати го консумираат и различни јавни личности. Мача се приготвува така што правот се меша со топла или ладна вода, а може да се пие и во различни варијации.

Една од главните причини за неговата популарност е што мача е концентриран извор на антиоксиданси, кои можат да помогнат во заштита на коските и мозокот, како и да придонесат за превенција од одредени болести. Постојат и тврдења дека овој зелен чај може да ја поддржи умствената функција, да го подобри фокусот и концентрацијата, па дури и да има позитивен ефект кај повозрасни лица со одредени невролошки состојби.

Дополнително, редовното внесување мача е поврзано со потенцијално подобрување на здравјето на кардиоваскуларниот систем, регулирање на холестеролот и крвниот притисок и дури и со потенцијално подобрување на плодноста кај мажите. Исто така, мача може да помогне во губење на тежина преку зголемување на метаболизмот и полесно согорување на маснотии, но важно е да се консумира умерено и да се избира квалитетен прав.

Тагови: здрав напиток здравје мача

Промовирани огласи »

Тошковски со детали: од која брзина „Сејф сити“ ќе казнува во Скопје

Скопје под око на „Сејф сити“ – еве од која брзина

Системот „Безбеден град“ ќе применува иста толеранција како и постојните полициски радари. За возење до 100 км/ч ќе се дозволува отстапување од 6 км/ч, за брзини над 100 км/ч – 8 км/ч, а за оние над 200 км/ч толеранцијата ќе изнесува 12 км/ч. Ова го соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, нагласувајќи дека правилата се усогласени со досегашната пракса.

Во Скопје, каде што максималната дозволена брзина е 50 км/ч, прекршок ќе се евидентира при возење од 57 км/ч па нагоре. Сепак, министерот појасни дека оваа толеранција нема да се применува во ситуации кога со прекумерната брзина е сторено кривично дело поврзано со сообраќајот.

Во однос на службените возила, Тошковски истакна дека и тие ќе бидат опфатени со системот „Сејф сити“ доколку не се во рамки на оправдани оперативни активности. Возила на Брза помош, Пожарна, МВР и Министерството за одбрана нема да бидат регистрирани од системот само кога извршуваат службени задачи, под услов тоа да е оправдано според природата на нивното дејствување.

Тагови: возен ред казни Сејф сити - Безбеден град

Промовирани огласи »

Тошковски за „Сејф Сити“: Прекршок ќе се регистрира од 57 километри на час при дозволени 50

🚨🔻Министерот нагласи дека толеранцијата се однесува исклучиво на сообраќајни прекршоци и не важи во случаи кога е сторено кривично дело поврзано со сообраќајот.

Толеранцијата на камерите од системот „Безбеден град“ ќе биде иста како онаа што се применува кај останатите полициски радари, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Министерот нагласи дека толеранцијата се однесува исклучиво на сообраќајни прекршоци и не важи во случаи кога е сторено кривично дело поврзано со сообраќајот.

Според појаснувањето на Тошковски во гостувањето на „Телма“, за брзини до 100 километри на час ќе има толеранција од шест километри, за брзини над 100 километри на час осум километри, а за брзини над 200 километри на час – 12 километри. Тој додаде дека, на пример, доколку дозволената брзина е 50 километри на час, системот ќе регистрира прекршок при 57 километри на час.

Тошковски информираше дека системот „Безбеден град“ ќе ги процесуира и службените возила кога тие не постапуваат во рамки на оправдани оперативни дејствија. Како што појасни, возилата на итната медицинска помош, противпожарната служба, Министерството за внатрешни работи и Министерството за одбрана нема да бидат евидентирани од системот кога постапуваат во рамки на службени задачи, но ќе бидат опфатени кога не постои оправдана оперативна потреба. 

Тагови: казни Панче Тошковски Сејф сити - Безбеден град

Промовирани огласи »

Вработување во Зегин!

Најнови огласи за работа во Зегин!

Зегин ДОО е првата приватна компанија во Република С. Македонија регистрирана за продажба на лекови. Една од најуспешните и најголемите компании кај нас, со најдобра инфраструктура и најголема дистрибутивна мрежа.

Медицински претставник - Струмица
Сметководител
Хигиеничар/ка - Кисела вода (скратено работно време)
Оператор во печатница
Овластен сметководител

Останатите огласи од Зегин ќе ги најдете ТУКА.

Се уште невработени?! Останатите огласи можете да ги најдете ТУКА.

Тагови: Зегин ДОО Скопје

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »