
Т-Динамикс Консалтинг има отворена позиција за маркетинг консултант. Работното место предвидува самостојна работа и креативен пристап од страна на консултантот во процесот на промовирање на компанијата и зголемување на портфолиото на клиенти. Маркетинг консултантот ќе ги координира сите активности преку е-маил и директна комуникација. Т-Динамикс ќе обезбеди 10-дневна обука за запознавање со активностите на компанија и маркетинг процесите кои се предвидени во иднина.
Работни активности:
- Подготовка на промoтивни документи, корпоративни брифинзи, памфлети и дигитални рекламни содржини на англиски и македонски јазик со графичко уредување и дизајнирање на содржини со текст и слики (Content Writing). Оваа активност бара одлично познавање на MS Office и една апликација за вектроска графика како на пример Corel Draw;
- Маркетинг истражувања за идентификација на потенцијални клиенти или предходно дефинирани процеси од интерес на компанијата;
- Дневни активности од областа на дигиталниот маркетинг (е-маил промоции, социјален маркетинг и останати е-базирани активности). Оваа активност бара познавање на Facеbook, Twitter и LinkedIn;
- Подготовка на вести и информации поврзани со работата на компанијата и поставување на истите на онлајн профилите (интернет сајтовите и социјалните профили);
- Директна комуникација со клиентите;
- Работно време: Понеделник – Петок од 09.00 – 17.00ч.
Критериуми:
Потребно образование: Завршени високо образование или студирање во тек;
- Одлично познавање на MS Word, Excel, PowerPoint, Outlook, активно користење на барем една апликација за вектроска графика како на пример Corel Draw и интернет пребарување;
- Одлично познавање на англиски јазик. Поголемиот дел од клиентите и маркетинг активностите се насочени кон странскиот пазар;
- Активно искуство во веб дизајн ќе се смета за предност;
- Позицијата посебно се препорачува за студенти од последна година на студии во областите на маркетинг, е-бизнис или информатичка технологија. Компанијата има флексибилен пристап кон работното време за потербите на присуство на факултет.
Примања и останати придобивки:
- Почетна нето плата: 24,000.00 ден;
- Социјално и здравствено осигурување на полно работно време;
- Платен пристап во фитнес клуб и резервирани 2 часа од работното време за спортски активности и градење на тим;
- 20 дена платен годишен одмор по избор на вработениот;
Заинтересираните кандидати може да аплицираат преку е-маил на: [најави се за да го видиш е-маилот] со ЦВ на англиски јазик. ЦВ-то мора да има податоци за контакт по е-маил, скајп и слика од кандидатот.
Слични огласи »