
За компанијата:
Еast Gate Mall e најголем трговски центар во земјата и регионот кој ќе понуди богата и уникатна содржина на шопинг, гастрономија, забава, релаксација и култура. Еast Gate Mall e замислен како нов урбан... повеќе за компанијата »
EAST GATE MALL, дел од групацијата Балфин, е најголемиот шопинг центар во земјата, кој со уникатниот концепт и дизајн ги исполнува сите светски стандарди за квалитетен шопинг. Распространет на 160.000 м2, нуди шопинг и забава за сите возрасти и за сите вкусови.
Ист Гејт Мол е дел од првиот мултифункционален комплекс кој е спој на трговски и забавен центар, резиденцијален комплекс и деловен парк. Целта е да го подигнеме животниот и деловниот стандард и да донесеме нова енергија во срцето на Скопје преку воведување на нов животен стил и современи стандарди на урбано живеење.
Со цел зајакнување на оперативниот сектор, објавуваме оглас за вработување на
СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА АРХИТЕКТОНСКА И ГРАДЕЖНА ПОДДРШКА
(АРХИТЕКТ)
Одговорности и работни задачи:
- Го следи статусот на квалитетот на градежните, архитектонски и внатрешни работи на адапатација и реконструкција во трговскиот центар;
- Ги евидентира сите штети од архитектонските и градежните активности кои се предмет на итно и неопходно дејствување/поправање;
- Закажува, следи и управува со сите поправки во трговскиот центар;
- Управува со логистиката во врска со секоја релокација додека клиентите (закупците) се релоцираат во и надвор од и во рамките од трговскиот центар;
- Соработува со инженерите и архитектите од засегнатите страни со цел да се утврди опсегот на работата која се планира;
- Управува со фазите на реконструкција, преселби, замена и купување на мебел;
- Координира со тим од различни дисциплини за остварување на најдобри резултати;
- Планира буџети и подготвува предмери поврзани со архитектонските и градежните активности;
- Врши просторно планирање за да се направи избор на дизајн и инвентар;
- Прави распоред, креира простор и распределба на ресурси за максимално искористување на просторот;
- Спроведува истражувања на пазарот за да се осигура дека проценките на трошоците се во рамките на буџетските ограничувања на трошоците пред поднесувањето препораки за купување на предмети и/или опрема;
- Врши рутински проверки на зградата и обезбедува помош на закупците;
- Дава поддршка на другите оддели при организација на настани и соодветно ги информира засегнатите служби за успешна организација на истите;
Потребни стручни работни компетенции/способности и вештини:
- Висока стручна подготовка од областа на техничките науки (архитектура или градежништво);
- Минимум 3 годишно искуство на иста или слична работа позиција;
- Одлично познавање на Microsoft Office пакет и Auto Cad
- Одлично познавање на англиски јазик
- Изразени аналитички способности
- Ориентираност кон детали и креативно размислување
- Способност за решавање на проблеми и одлучување за работи од свој делокруг;
Потребни општи работни компетенции/способности и вештини:
- Одговорност и ориентираност кон резултати
- Развиено чувство за работна етика
- Ориентираност кон клиенти
- Способност за самостојна и тимска работа
- Силни организациски и интерперсонални вештини
- Силни комуникациски вештини
Што нудиме:
- Работа во динамична интернационална средина, со амбициозен и професионален тим
- Атрактивна компензација, во согласност со искуството и работните обврски
- Годишен бонус согласно постигнувањата
- Работно време: 08:00/09:00 – 16:00/17:00 (флексибилно)
Доколку сте заинтересирани за работа во динамична средина, со професионален и проактивен тим, а воедно ги исполнувате потребните квалификации, ги очекуваме вашите апликации.
Испратете го своето CV преку означеното поле, најдоцна до 28.07.2026.
Слични огласи »