
(преземи го огласот во Word)
Фирмата Каргомакс Дооел Миладиновци Илинден, единствен овластен дистрибутер на IVECO во Македонија, распишува оглас за следново работно место:
Финансов референт
Потребни услови кои треба да ги исполнува кандидатот:
- ВСС (Економски факултет)
- Работно искуство од минимум 3 години на иста или слична позиција
- Познавање на англиски јазик
Работни обврски:
- Обезбедување и пренос на финансиски информации
- Деловни предвидувања и прогноза, планира и одлучува за прилив и одлив на финансиски средства во Каргомакс
- Мониторинг на деловните перформанси и ефикасност
- Анализа на финансиски промени и справување со различни ситуации
- Учествува во стратешко планирање и подготовка на долгорочни планови
- Врши истражување и подготвува извештаи за фактори кои влијаат врз бизнис перформансите
- Учествува во формирање на цени
- Врши проценка на можностите за намалување на трошоците
- Врши контрола на работата и вработените во финансискиот сектор
- Подготвува месечни и годишни финансиски извештаи и анализи
Личен профил:
- Менаџерски способности
- Исполнителна и лојална личност
- Способност за чување на доверливи информации
- Организираност и способност самостојно да донесува одлуки во рамки на делегираните овластувања
- Спремност за тимска работа и ажурност при работа со рокови
Доколку ги исполнувате горенаведените услови, Ве охрабруваме да го испратете Вашето CV најдоцна до 01.11.2023 год. на следниов e-mail: [најави се за да го видиш е-маилот]
Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на разговор
Слични огласи »