Т-Динамикс Консалтинг има отворена позиција за:
Mаркетинг консултант - работното место предвидува самостојна работа и креативен пристап од страна на консултантот во процесот на промовирање на компанијата и зголемување на портфолиото на клиенти. Маркетинг асистентот ќе соработува директно со извршниот менаџерски тим и ќе ги координира сите активности преку е-маил и директна комуникација. Т-Динамикс ќе обезбеди 5-дневна обука за запознавање со активностите на компанија и услугите кои се нудат.
Работни активности:
- Макретинг истражувања за идентификација на потенцијални клиенти или предходно дефинирани процеси од интерес на компанијата,
- Подготовка на промoтивни документи, корпоративни брифинзи, памфлети и дигитални рекламни содржини,
- Дневни активности од областа на дигиталниот маркетинг (е-маил промоции, социјален маркетинг и останати е-базирани активности),
- Подготовка на вести и информации поврзани со работата на компанијата и поставување на истите на онлајн профилите (интернет сајтовите и социјалните профили),
- Директна комуникација со клиентите,
- Повремени посети на клиентите за директна промоција и развој на бизнис односи,
- Графичко уредување и дизајнирање на содржини (слика/текст),
- Работно време: Понеделник – Петок од 09.00 – 17.00ч.
Критериуми:
- Одлично познавање на MS Word, Excel, PowerPoint, Outlook, активно користење на барем една графичка средина (Photoshop или Corel) и интернет пребарување (дел од интервјуто е краток тест за работа на овие апликации),
- Одлично познавање на англиски јазик (говорење и пишување). Поголемиот дел од клиентите и маркетинг активностите се насочени кон странскиот пазар,
- Потребно образование: Завршени високо образование или студирање во тек,
- Активно искуство во веб дизајн ќе се смета за предност,
- Позицијата посебно се препорачува за студенти од последна година на студии во областите на маркетинг, е-бизнис или информатичка технологија. Компанијата има флексибилен пристап кон работното време за потербите на присуство на факултет.
Примања и останати придобивки:
- Плата: 20,000.00 ден,
- Социјално и здравствено осигурување на полно работно време,
- 20 дена платен годишен одмор по избор на вработениот.
Заинтересираните кандидати може да аплицираат преку е-маил на: [најави се за да го видиш е-маилот] со CV на англиски јазик. CV-то мора да има податоци за контакт по е-маил, скајп и слика од кандидатот.
Слични огласи »