Основана во 2007 година, FitActive денес е лидер во фитнес секторот во Италија, со 157 фитнес клубови веќе отворени во Италија, Европа и Бразил.
Ова е компанија во брза меѓународна експанзија,подготвена во 2026 година да ја отвори првата, од многуте FitActive фитнес центри во Македонија.
Да станеш дел од FitActive значи да бидеш дел од млада, динамична и енергична средина.
Секојдневно работиме со страст за да го шириме нашето мотo #Allenafelicità (#Тренирајјасреќата), создавајќи топла, мотивирачка и позитивна атмосфера за нашите членови.
Ако го сакаш спортот, предизвиците и работата со луѓе,ова е вистинскиот тим за тебе!
Комерцијален консултант / Координатор на продажба – FitActive Скопје, Кисела Вода
Како Комерцијален консултант / Координатор на продажба, ти си првиот контакт помеѓу фитнес центарот и нашите членови. Твојата улога е клучна за создавање на позитивен прв впечаток и за обезбедување на врвно искуство на секој посетител.
Ќе бидеш задолжен/а за презентација на услугите на клубот, водење на продажни разговори, координација со тимот и управување на социјалните мрежи, со цел за постигнување на максимална видливост и ангажираност.
Главни одговорности:
· Активно промовирање и продажба на членства и услугите на фитнес центарот
· Пречекување на клиенти и обезбедување професионална и пријатна услуга
· Следење и анализа на KPI резултати и продажни извештаи
· Координација со тимот за остварување на индивидуални и тимски цели
· Воспоставување и одржување долгорочни односи со клиентите
· Решавање на прашања и приговори на клиентите со позитивен пристап
· Административна поддршка и користење на системите за регистрација и плаќање
· Поддршка во организацијата на промотивни активности и настани во клубот
· Управување со социјалните мрежи на клубот (Instagram, Facebook),креирање содржина, следење коментари и интеракција.
Клучни вештини и компетенции:
· Одлични продажни и комуникациски вештини
· Креативност и познавање на трендовите на социјалните медиуми
· Способност за самостојна работа и тимска координација
· Организациски способности и ориентација кон резултати
· Енергија, позитивност и страст кон фитнес и здрав животен стил
· Познавање на основни компјутерски програми (Windows, Excel)
· Одлично познавање на англиски јазик (писмено и усно)
· Познавање на италијанскиот јазик ќе се смета за предност
Што нудиме:
· Динамична и мотивирачка работна средина
· Можност за професионален раст во FitActive мрежата
· Почетен тренинг во FitActive Tirana Lake View (1–2 недели)
· Континуирана обука и развој во продажба, маркетинг и клиентско искуство
Сакаш да бидеш дел од нашиот тим?
Испрати го твоето CV на: [најави се за да го видиш е-маилот]