Скопски пазар АД Скопје лого

Референт за наплата

Активни огласи од Скопски пазар АД Скопје:

Финансиски Сметководител

Скопски пазар е акционерско друштво во приватна сопственост за услуги во прометот и трговија увоз-извоз. Компанијата е формирана во 1952 година и нејзини главни дејности се управување со зелените пазари во Град Скопје и изнајмување на деловен простор.

Поради проширување на својот тим Скопски пазар бара 20 извршители на работно место:

Референт за наплата

Потребни квалификации:

  • економски, земјоделски или правен факултет, средно економско или друго средно училиште
  • искуство во работа со клиенти
  • познавање на MS Office пакетот

Одговорности и работни задачи:

  • наплата на услуги кои пазарот (снабдувачкиот центар) ги нуди на корисниците;
  • спроведување на пазарниот ред и отстранување на неодговорните корисници кои го кршат истиот;
  • прием и предавање на деловниот простор во снабдувачкиот центар на корисниците;
  • вршење на контрола и непосреден увид во начинот на користење на деловниот простор и почитување на договорните обврски од договорите за закуп на деловниот простор;
  • навремено доставување на налозите за наплата на побарувањата до корисниците и водење сметка за запазување на роковите за плаќање на фактурите за закупнина;
  • особено е одговрен за навремена наплата на побарувањата кои произлегуваат од деловниот простор.

Личен профил:

  • одлични организациски и комуникациски вештини
  • професионален и позитивен однос
  • способност за самостојна и тимска работа, и работа под притисок

Ние ви нудиме:

  • стабилно и динамично работно место, во позитивна работна атмосфера;
  • ментор и колеги кои ќе ви помогнат побрзо да навлезете во работата;
  • почетна нето месечна плата од 18.000 денари

Доколку сметате дека ги исполнувате наведените услови и сте заинтересирани за нови предизвици, испратете Ваша кратка биографија (CV) на следната e-mail адреса: [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака „За оглас за референт за наплата“ или по пошта на адреса ул.Ѓорче Петров бр.7 .

Избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју.

Останати огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »