Промовирани огласи »

ЕУ од 10 април 2026 ги укинува печатите во пасош: Стартува целосно дигиталниот ЕЕС

Од 10 април ЕУ ги „пензионира“ печатите во пасош: ЕЕС стартува целосно и носи биометрија на границите 24 часа

Европската унија од 10 април 2026 година официјално го воведува системот ЕЕС (Entry/Exit System), со што класичните печати во пасошите заминуваат во историјата за државјаните на трети земји кои патуваат на краток престој. Наместо рачно заверување, влезовите и излезовите на надворешните граници ќе се евидентираат електронски, а контролата ќе се спроведува преку дигитални записи што функционираат непрекинато, 24 часа дневно.

Во првите денови од целосната примена се очекуваат поголеми метежи и подолги задржувања на граничните премини, додека службите и патниците се приспособуваат на новиот систем. ЕЕС ќе собира основни биометриски податоци, како отпечатоци од прсти и фотографија на лицето, што треба да овозможи побрза идентификација при секое следно патување, но и полесно откривање злоупотреби и измами со идентитет. На дел од аеродромите веќе се користат и самопослужни киосци за забрзување на постапката.

Системот автоматски ќе го пресметува и дозволениот престој според правилото „90 дена во период од 180 дена“, со што патниците ќе имаат појасен увид колку време им преостанува, а властите полесно ќе ги следат евентуалните прекршувања. Брисел наведува дека целта е поголема безбедност, поефикасна миграциска контрола и намалување на слабостите на досегашниот режим, додека следниот чекор ќе биде воведувањето на ETIAS – електронска дозвола за патување поврзана со пасошот.

Тагови: EEC ЕУ печатите во пасош

Промовирани огласи »

Вработување во Стокомак!

Најди работа во Стокомак!

Стокомак е ланец на дисконти продавници кој работи по концептот хард-дисконт.

Моментално вработува:

Материјален книговодител
Продавач/ка - Касиер/ка - Буњаковец
Продавач/ка - Касиер/ка - Бутел
Продавач/ка - Касиер/ка - Радишани
Контролор на квалитет

Се уште невработени?! Сите останати активни работни места ќе ги најдете ТУКА.

Тагови: ДТ Стокомак ДОО

Промовирани огласи »

AI камери се шират низ Грција: Наскоро под надзор и Солун и Крит, илјадници нови уреди во најава

Следен е Солун, внимавајте како возите!

Од 28 март 2026 година, Грција започна со примена на нов систем на AI камери за сообраќаен надзор, но најголемата промена допрва следува – масовно проширување на системот низ целата земја.

Во моментов камерите функционираат на неколку локации во Атина, како и на дел од градските автобуси, но до летото се очекува поставување на уште околу 1.000 нови камери. Планот е до крајот на годината системот да се прошири и во Солун и на Крит, а вкупниот број на камери да достигне неколку илјади.

Дополнително, во наредниот период ќе бидат поставени и уште 2.500 камери на најкритичните сообраќајни точки, а дел од нив ќе снимаат и од задната страна на возилата, со што ќе се овозможи уште построг надзор.

Паралелно, околу 500 автобуси ќе бидат опремени со камери за следење на злоупотребата на жолтите ленти, што значи дека контролата ќе биде присутна и во движење, не само на фиксни локации.

Надлежните најавуваат дека од 2027 година системот ќе продолжи да се шири и во други региони, а локалните општини ќе можат самостојно да се приклучуваат доколку инвестираат во технологијата.

Целта не е казнување, туку намалување на опасното однесување и подобрување на безбедноста во сообраќајот – велат од институциите.

Системот веќе функционира автоматски – регистрира прекршоци, ги обработува и испраќа казните дигитално за неколку минути, што значи дека избегнувањето на санкции станува практично невозможно.

Со ова, Грција влегува во нова фаза на целосна дигитална контрола на сообраќајот, каде камерите ќе бидат присутни на сè повеќе локации низ земјата.

Тагови: Грција камери

Промовирани огласи »

Поскапува лебот во Македонија: Повисоки цени веќе во неколку градови

Граѓаните во повеќе македонски градови од денеска се соочуваат со поскап леб. Пекарите најавуваат нови корекции поради растот на трошоците и поскапувањето на суровините.

Во дел од градовите низ Македонија, граѓаните од денеска веќе се соочуваат со повисоки цени на лебот. Во пекарниците во Штип, Кочани, Прилеп и Битола, цената на одредени видови леб, особено белиот леб од 450 грама, се зголемува за 3 до 5 денари. Дел од пекарите веќе ги корегирале цените, а информациите за поскапувањето стигнале и до Групацијата на мелничко-пекарската индустрија при Стопанската комора.

Претседателот на Групацијата, Горан Малишиќ, изјави дека дел од пекарите веќе почнале со зголемување на цените поради растечките производствени трошоци. Според него, кризата и конфликтот на Блискиот исток дополнително влијаат врз цената на суровините, како и врз производството и дистрибуцијата. Тој посочи дека, зависно од резервите и новите набавки, лебот во просек може да поскапи и до десетина проценти, но конечната цена ќе ја определуваат самите компании.

Ова поскапување доаѓа во период кога веќе е регистриран раст на цените на масло, јајца, овошје и зеленчук. Експертите предупредуваат дека зголемувањето на цените на горивата дополнително ја поттикнува инфлаторната спирала, што може да доведе и до нови корекции на цените на основните прехранбени производи во наредниот период.

Тагови: Македонија маркети поскапува лебот

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »