Промовирани огласи »

Вработување во Стокомак!

Најди работа во Стокомак!

Стокомак е ланец на дисконти продавници кој работи по концептот хард-дисконт.

Моментално вработува:

Материјален книговодител
Продавач/ка - Касиер/ка - Буњаковец
Продавач/ка - Касиер/ка - Бутел
Продавач/ка - Касиер/ка - Радишани
Контролор на квалитет

Се уште невработени?! Сите останати активни работни места ќе ги најдете ТУКА.

Тагови: ДТ Стокомак ДОО

Промовирани огласи »

Од 28 март 2026 година, Грција започна со примена на нов систем на AI камери за сообраќаен надзор, но најголемата промена допрва следува – масовно проширување на системот низ целата земја.

Во моментов камерите функционираат на неколку локации во Атина, како и на дел од градските автобуси, но до летото се очекува поставување на уште околу 1.000 нови камери. Планот е до крајот на годината системот да се прошири и во Солун и на Крит, а вкупниот број на камери да достигне неколку илјади.

Дополнително, во наредниот период ќе бидат поставени и уште 2.500 камери на најкритичните сообраќајни точки, а дел од нив ќе снимаат и од задната страна на возилата, со што ќе се овозможи уште построг надзор.

Паралелно, околу 500 автобуси ќе бидат опремени со камери за следење на злоупотребата на жолтите ленти, што значи дека контролата ќе биде присутна и во движење, не само на фиксни локации.

Надлежните најавуваат дека од 2027 година системот ќе продолжи да се шири и во други региони, а локалните општини ќе можат самостојно да се приклучуваат доколку инвестираат во технологијата.

Целта не е казнување, туку намалување на опасното однесување и подобрување на безбедноста во сообраќајот – велат од институциите.

Системот веќе функционира автоматски – регистрира прекршоци, ги обработува и испраќа казните дигитално за неколку минути, што значи дека избегнувањето на санкции станува практично невозможно.

Со ова, Грција влегува во нова фаза на целосна дигитална контрола на сообраќајот, каде камерите ќе бидат присутни на сè повеќе локации низ земјата.

Тагови: Грција камери

Промовирани огласи »

Поскапува лебот во Македонија: Повисоки цени веќе во неколку градови

Граѓаните во повеќе македонски градови од денеска се соочуваат со поскап леб. Пекарите најавуваат нови корекции поради растот на трошоците и поскапувањето на суровините.

Во дел од градовите низ Македонија, граѓаните од денеска веќе се соочуваат со повисоки цени на лебот. Во пекарниците во Штип, Кочани, Прилеп и Битола, цената на одредени видови леб, особено белиот леб од 450 грама, се зголемува за 3 до 5 денари. Дел од пекарите веќе ги корегирале цените, а информациите за поскапувањето стигнале и до Групацијата на мелничко-пекарската индустрија при Стопанската комора.

Претседателот на Групацијата, Горан Малишиќ, изјави дека дел од пекарите веќе почнале со зголемување на цените поради растечките производствени трошоци. Според него, кризата и конфликтот на Блискиот исток дополнително влијаат врз цената на суровините, како и врз производството и дистрибуцијата. Тој посочи дека, зависно од резервите и новите набавки, лебот во просек може да поскапи и до десетина проценти, но конечната цена ќе ја определуваат самите компании.

Ова поскапување доаѓа во период кога веќе е регистриран раст на цените на масло, јајца, овошје и зеленчук. Експертите предупредуваат дека зголемувањето на цените на горивата дополнително ја поттикнува инфлаторната спирала, што може да доведе и до нови корекции на цените на основните прехранбени производи во наредниот период.

Тагови: Македонија маркети поскапува лебот

Промовирани огласи »

Кои компании стојат зад најголемиот HR настан во 2026

Моќна поддршка за најголемиот HR настан во 2026

Со големо задоволство ги објавуваме компаниите кои застанаа зад Global HR Vision 2026. Нивната поддршка е потврда за заедничката посветеност кон развојот на HR индустријата, иновациите и унапредувањето на работната култура во регионот.

Platinum Sponsor: A1 Македонија Како наш платинум спонзор, A1 се позиционира како лидер кој активно инвестира во дигиталната трансформација и развојот на човечкиот капитал. Со својот фокус на иновации, A1 директно придонесува за модернизација на работните процеси и создавање поефикасна бизнис средина.

 Gold Sponsors: Foxit & Pikasa Analytics 

  • Foxit – Пионери во развојот на иновативни софтверски решенија за автоматизација и ефикасно управување со бизнис процесите.
  • Pikasa Analytics – Data-driven компанија специјализирана за медиумски мониторинг и social listening, која им помага на организациите да ја разберат јавната перцепција.

Silver Sponsors: Alkaloid Skopje, Motivi Employment & ТИТАН УСЈЕ Стабилни и влијателни столбови на нашата економија, кои континуирано вложуваат во развој на својот кадар и градење одржлива корпоративна култура.

Support Partner: Women in Tech Macedonia Важна алка во промоцијата на родовата еднаквост и поттикнувањето на жените во технолошкиот сектор, придонесувајќи за поинклузивна работна средина.

Благодарение на нашите партнери, Global HR Vision 2026 поставува нови стандарди за иднината на човечките ресурси!

Тагови: A1 Македонија Foxit Global HR Vision HR трендови Motivi Employments Pikasa Analytics Women in Tech Алкалоид Скопје спонзори Титан УСЈЕ

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »