Промовирани огласи »

Викендов ќе се одлучува дали ќе продолжи мерката за пониско ДДВ на горивата

Намалувањето од 18 на 10% завршува во понеделник. Владата викендов ќе одлучува дали ќе ја продолжи мерката за пониско ДДВ на горивата.

Владата викендов ќе одлучува дали ќе ја продолжи мерката за пониско ДДВ на горивата. Намалувањето од 18 на 10% завршува во понеделник, заедно со попустот кој го добиваат најголемиот дел од бензинските станици.

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека добар сигнал е тоа што нафтата на светските берзи вчера паднала на стотина долари за барел, но мора да се почека петок кога ќе заврши тргувањето, па потоа да се прават пресметки која би била цената што ќе ја донесе Регулаторна.

Доколку видиме дека ќе имаме зголемување на цените на безоловниот бензин и на дизелот, тогаш апсолутно дека ќе ја продолжиме таа мерка сè додека трае кризната состојба. Ако продолжи и понатаму, ќе ја продолжиме и кризната состојба и ќе ја продолжиме повторно мерката и ако повторно ескалира, имаме уште алатки на располагање. Се разбира, акцизите, тука се и акцизите, што сè уште ни стојат на располагање. Во овој прв месец во историски најголемата нафтена криза по онаа од 1973 година, односно од седумдесеттите години на минатиот век, ние како држава рефлектираме стабилност и сигурност и план да се справиме со овие предизвици – кажа Мицкоски.

Какви антикризни мерки ќе се скројат, најмногу зависи од тоа колку пари има во државната каса.

Ние оваа година треба да вратиме две и пол милијарди евра, стари долгови направени од претходната влада. Во моментов се врши исплата на т.н. солидарен данок, прва рата, во вредност од 25 милиони евра, од претходната влада. Во моментов ги сервисираме сите оние обврски и недовршени обврски од претходната влада. Во зависност од ресурсите со коишто располагаме, такви мерки и правиме – изјави премиерот.

И покрај ваквата состојба, Македонија е единствената земја во регионот која оваа недела не ги зголеми цените на горивата, рече Мицкоски. 

Тагови: гориво мерки ДДВ

Промовирани огласи »

ЕУ од 10 април 2026 ги укинува печатите во пасош: Стартува целосно дигиталниот ЕЕС

Од 10 април ЕУ ги „пензионира“ печатите во пасош: ЕЕС стартува целосно и носи биометрија на границите 24 часа

Европската унија од 10 април 2026 година официјално го воведува системот ЕЕС (Entry/Exit System), со што класичните печати во пасошите заминуваат во историјата за државјаните на трети земји кои патуваат на краток престој. Наместо рачно заверување, влезовите и излезовите на надворешните граници ќе се евидентираат електронски, а контролата ќе се спроведува преку дигитални записи што функционираат непрекинато, 24 часа дневно.

Во првите денови од целосната примена се очекуваат поголеми метежи и подолги задржувања на граничните премини, додека службите и патниците се приспособуваат на новиот систем. ЕЕС ќе собира основни биометриски податоци, како отпечатоци од прсти и фотографија на лицето, што треба да овозможи побрза идентификација при секое следно патување, но и полесно откривање злоупотреби и измами со идентитет. На дел од аеродромите веќе се користат и самопослужни киосци за забрзување на постапката.

Системот автоматски ќе го пресметува и дозволениот престој според правилото „90 дена во период од 180 дена“, со што патниците ќе имаат појасен увид колку време им преостанува, а властите полесно ќе ги следат евентуалните прекршувања. Брисел наведува дека целта е поголема безбедност, поефикасна миграциска контрола и намалување на слабостите на досегашниот режим, додека следниот чекор ќе биде воведувањето на ETIAS – електронска дозвола за патување поврзана со пасошот.

Тагови: EEC ЕУ печатите во пасош

Промовирани огласи »

Вработување во Стокомак!

Најди работа во Стокомак!

Стокомак е ланец на дисконти продавници кој работи по концептот хард-дисконт.

Моментално вработува:

Материјален книговодител
Продавач/ка - Касиер/ка - Буњаковец
Продавач/ка - Касиер/ка - Бутел
Продавач/ка - Касиер/ка - Радишани
Контролор на квалитет

Се уште невработени?! Сите останати активни работни места ќе ги најдете ТУКА.

Тагови: ДТ Стокомак ДОО

Промовирани огласи »

AI камери се шират низ Грција: Наскоро под надзор и Солун и Крит, илјадници нови уреди во најава

Следен е Солун, внимавајте како возите!

Од 28 март 2026 година, Грција започна со примена на нов систем на AI камери за сообраќаен надзор, но најголемата промена допрва следува – масовно проширување на системот низ целата земја.

Во моментов камерите функционираат на неколку локации во Атина, како и на дел од градските автобуси, но до летото се очекува поставување на уште околу 1.000 нови камери. Планот е до крајот на годината системот да се прошири и во Солун и на Крит, а вкупниот број на камери да достигне неколку илјади.

Дополнително, во наредниот период ќе бидат поставени и уште 2.500 камери на најкритичните сообраќајни точки, а дел од нив ќе снимаат и од задната страна на возилата, со што ќе се овозможи уште построг надзор.

Паралелно, околу 500 автобуси ќе бидат опремени со камери за следење на злоупотребата на жолтите ленти, што значи дека контролата ќе биде присутна и во движење, не само на фиксни локации.

Надлежните најавуваат дека од 2027 година системот ќе продолжи да се шири и во други региони, а локалните општини ќе можат самостојно да се приклучуваат доколку инвестираат во технологијата.

Целта не е казнување, туку намалување на опасното однесување и подобрување на безбедноста во сообраќајот – велат од институциите.

Системот веќе функционира автоматски – регистрира прекршоци, ги обработува и испраќа казните дигитално за неколку минути, што значи дека избегнувањето на санкции станува практично невозможно.

Со ова, Грција влегува во нова фаза на целосна дигитална контрола на сообраќајот, каде камерите ќе бидат присутни на сè повеќе локации низ земјата.

Тагови: Грција камери

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »