Промовирани огласи »

„Од нула“ Епизода 1: Данче Азманова Мирчевска открива како се создава детска сликовница за само 40 минути.

Дали и вашето дете го губи вниманието поради мобилниот?

Новата емисија „Од нула“ ја започнува својата приказна со гостинка која го спојува маркетинг искуството со чистата креативност. Данче Азманова Мирчевска, авторката на сликовницата „Време е за Даро!“, низ искрен разговор ги открива деталите од својот креативен процес.

Инспирирана од реалноста, таа успева да го преточи својот истражувачки труд во приказна напишана „во еден здив“. Фокусот е ставен на една од најгорливите теми на денешницата – зависноста од мобилните телефони и сè помалото количество квалитетно време кое родителите го поминуваат со своите најмали.

Што ќе научите од овој разговор?

  • Како темелното истражување помага во креирање на порака која допира до срцата.
  • Зошто е важно да се поттикне свесноста за семејните вредности во дигиталната ера.
  • Која е симболиката на „малото крзнено пријателче“ во процесот на поврзување со децата.

Денес, патот на Данче продолжува низ проекти со подлабока цел, насочени кон инспирирање промени во начинот на кој ги воспитуваме идните генерации.

Тагови: Време е за Даро креативност Од нула сликовница уметност

Промовирани огласи »

Во месец март констатирани 26.241 сообраќајни прекршоци преку системот „Безбеден град“

Најмногу казни поради брзо возење

Во периодот од 01.03.2026 до 31.03.2026 од страна на системот „Безбеден град“ на подрачјата на градовите и Коридорите каде се поставени камери, регистрирани се вкупно 26.241 прекршок.

Од вкупниот број на регистрирани прекршоци за минување на затворен сигнал (црвено светло) констатирани се 70 прекршоци што претставува намалување на 68.2% во споредба со месец февруари, најголемиот број се за управување на возило со брзина поголема од дозволената 25.230, а во текот на март месец беа регистрирани дури 941 прекршок за управување на возило со измината важност на сообраќајната дозвола. 

Исто така, изречени се вкупно 544 мерки забрана за управување со возило, чиј број бележи намалување од 16.7% во однос на минатиот месец. Од нив 70 се за минување на црвено светло, а 474 се за брзо возење, од кои 362 за брзина поголема од 80 км на час во населено место, 70 за брзина поголема од 10 км – сопствено ограничување на возило и 42 за брзина поголема од 170 км на час во ненаселено место. 

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да се почитуваат сообраќајните правила и прописи и сите заедно да придонесеме за посигурни и побезбедни патишта, велат од МВР.

Тагови: Министерство за внатрешни работи (МВР) Сејф сити - Безбеден град

Промовирани огласи »

Пензиите пораснале за 7.000 денари за две години

Најголемо зголемување во последните 20 години

За период од нецели две години, од септември 2024 до март 2026 година вкупното покачување на пензиите е 7000 денари на месечно ниво или вкупно линеарно зголемување од 36 проценти, вели директорот на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување Никола Мемов. 

Минималната пензија за овој период, како што посочува Мемов, е зголемена за 61,75 проценти, а просечната пензија за околу 40 проценти. 

Ова претставува најголемо покачување на пензиите во последните 20 години, кое е резултат на политиките насочени кон подобрување на животниот стандард на пензионерите. Со ваквите мерки се покажува јасна грижа за највозрасните граѓани, а пензионерите стануваат еден од главните приоритети во социјалната политика. Со континуираното зголемување на пензиите, оваа Влада испраќа порака дека стабилноста и грижата за пензионерите се темел на општествената одговорност и дека подобрувањето на нивниот стандард е клучен политички ефект за донесените економски и социјални одлуки, вели Мемов.

Посочува дека во вкупната сума на пари што се користи за исплата на пензиите, зголемувањето изнесува речиси 500 милиони евра повеќе во споредба со 2024 година. 

 Како пример, во септември 2024 година кога е исплатена пензијата за август, се исплатени 7.210.341.000 денари. За исплата на мартовската пензија 2026 година, вкупната исплата на пензиите е 9.65 милијарди денари, што е за 2.44 милијарди денари месечно повеќе во споредба со септември 2024 година, појаснува директорот на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување.

Тагови: зголемување на пензиите пензии Фонд на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија (ФПИОСМ)

Промовирани огласи »

УНИБанка трета сезона по ред партнер на Fashion Weekend Skopje 32 – платформа што ја поврзува модата со иднината

Модата и бизнисот се споија: УНИБанка со голем потег на Fashion Weekend Skopje 32

УНИБанка со особено задоволство трета сезона по ред е партнер на Fashion Weekend Skopje, платформа што континуирано ја поместува границата помеѓу модата, бизнисот и културата. Ова партнерство не е случајно, туку е одраз на заедничка визија: поддршка на креативната индустрија како двигател на современата економија и иднината. Модата денес не е само естетика, таа е систем на вредности, иновации и влијание. Во овој процес, УНИБанка се позиционира како активен партнер, поддржувајќи ја трансформацијата на модата во одржлива и релевантна индустрија.Токму оваа поврзаност помеѓу креативноста, одговорноста и современиот начин на живеење природно се надоврзува со потребата од финансиска свесност.

Во тој контекст, UNIBank Fin Talk, под модерација на Ирина Михајлова, го отвори разговорот за финансиска писменост поставен таму каде што најмалку се очекува, во сржта на личната слобода. Преку различни перспективи, од дигиталната генерација до институционалниот систем, разговорот ја отвори темата за контролата како предуслов за избор. Луна Стефановска зборуваше за создавање вредност во дигиталниот простор и за моментот кога трудот почнува да се претвора во приход. Ема Станковиќ ја претстави Банката како партнер во тој процес, а не како дистанцирана институција, додека дизајнерот Ѓеоргиј Петрушев ја отвори реалноста на креативниот труд, каде идејата не е доволна без финансиска поддршка. Пораката беше едноставна, но јасна: финансиската слобода не започнува со повеќе пари, туку со контрола над тие што ги имаш.

Како генерален партнер, УНИБанка го поддржува Fashion Weekend Skopje како платформа што го надминува гламурот и го рефлектира пулсот на современото општество. Ова издание ја нагласи модата како економска и културна сила, индустрија што поттикнува иновации, ја забрзува дигиталната трансформација и ја поставува одржливоста како нов стандард.

Настанот понуди програма што ги поврза локалните и интернационалните перспективи. Програмата започна со презентација и ревијален приказ на три кинески модни и накит дизајнери, со поддршка на Амбасадата на Народна Република Кина во С. Македонија.

Посебен акцент беше ставен на новата генерација креативци, кои преку AI алатки и дигитални решенија веќе ја обликуваат иднината на визуелниот јазик.

Истовремено, меѓународните иницијативи како „Зелена и одржлива мода: Нордиско-балтичка приказна“ ја нагласија важноста на одржливоста не како тренд, туку долгорочна индустриска стратегија. Проектот е организиран од Амбасадата на Шведска во С. Македонија, во партнерство со Амбасадата на Литванија, Амбасадите на Данска, Финска и Норвешка во Србија и Македонското модно здружение, со поддршка од Нордискиот совет на министри.

Со континуирана поддршка веќе трета сезона, УНИБанка директно придонесува во развојот на екосистем каде модата, технологијата и бизнисот функционираат заедно. Ова партнерство не е само поддршка на настан, туку инвестиција во нова генерација креативци, генерација што не доаѓа, туку веќе создава.

Тагови: УНИ БАНКА АД

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »