Промовирани огласи »

УНИБанка трета сезона по ред партнер на Fashion Weekend Skopje 32 – платформа што ја поврзува модата со иднината

Модата и бизнисот се споија: УНИБанка со голем потег на Fashion Weekend Skopje 32

УНИБанка со особено задоволство трета сезона по ред е партнер на Fashion Weekend Skopje, платформа што континуирано ја поместува границата помеѓу модата, бизнисот и културата. Ова партнерство не е случајно, туку е одраз на заедничка визија: поддршка на креативната индустрија како двигател на современата економија и иднината. Модата денес не е само естетика, таа е систем на вредности, иновации и влијание. Во овој процес, УНИБанка се позиционира како активен партнер, поддржувајќи ја трансформацијата на модата во одржлива и релевантна индустрија.Токму оваа поврзаност помеѓу креативноста, одговорноста и современиот начин на живеење природно се надоврзува со потребата од финансиска свесност.

Во тој контекст, UNIBank Fin Talk, под модерација на Ирина Михајлова, го отвори разговорот за финансиска писменост поставен таму каде што најмалку се очекува, во сржта на личната слобода. Преку различни перспективи, од дигиталната генерација до институционалниот систем, разговорот ја отвори темата за контролата како предуслов за избор. Луна Стефановска зборуваше за создавање вредност во дигиталниот простор и за моментот кога трудот почнува да се претвора во приход. Ема Станковиќ ја претстави Банката како партнер во тој процес, а не како дистанцирана институција, додека дизајнерот Ѓеоргиј Петрушев ја отвори реалноста на креативниот труд, каде идејата не е доволна без финансиска поддршка. Пораката беше едноставна, но јасна: финансиската слобода не започнува со повеќе пари, туку со контрола над тие што ги имаш.

Како генерален партнер, УНИБанка го поддржува Fashion Weekend Skopje како платформа што го надминува гламурот и го рефлектира пулсот на современото општество. Ова издание ја нагласи модата како економска и културна сила, индустрија што поттикнува иновации, ја забрзува дигиталната трансформација и ја поставува одржливоста како нов стандард.

Настанот понуди програма што ги поврза локалните и интернационалните перспективи. Програмата започна со презентација и ревијален приказ на три кинески модни и накит дизајнери, со поддршка на Амбасадата на Народна Република Кина во С. Македонија.

Посебен акцент беше ставен на новата генерација креативци, кои преку AI алатки и дигитални решенија веќе ја обликуваат иднината на визуелниот јазик.

Истовремено, меѓународните иницијативи како „Зелена и одржлива мода: Нордиско-балтичка приказна“ ја нагласија важноста на одржливоста не како тренд, туку долгорочна индустриска стратегија. Проектот е организиран од Амбасадата на Шведска во С. Македонија, во партнерство со Амбасадата на Литванија, Амбасадите на Данска, Финска и Норвешка во Србија и Македонското модно здружение, со поддршка од Нордискиот совет на министри.

Со континуирана поддршка веќе трета сезона, УНИБанка директно придонесува во развојот на екосистем каде модата, технологијата и бизнисот функционираат заедно. Ова партнерство не е само поддршка на настан, туку инвестиција во нова генерација креативци, генерација што не доаѓа, туку веќе создава.

Тагови: УНИ БАНКА АД

Промовирани огласи »

Огласи за работа во Куманово!

Најнови огласи за работа во Куманово!

Куманово, како еден од поголемите градови во Македонија, нуди голем број можности за работа во различни индустрии. Без разлика дали сте млад професионалец, квалификуван работник, или студент кој бара прво работно искуство, пазарот на труд во Куманово нуди разновидни опции за сите профили на кандидати.

Моментално се отворени следниве работни позиции:

Сортинг оператор на проект - хонорарно - локација Куманово
Junior Credit Analyst
Assistant Account Executive
Магацински работник и администратор во логистички дистрибутивен центар Куманово
Human Resources Assistant
Магацински работници - подготвувачи на роба - Куманово

Се уште невработени?! Сите останати работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Прочитајте и за: Најди работа во Битола!

Промовирани огласи »

Оваа навика ја менува секојдневната рутина на луѓето

Пробајте го ова утринско правило – ќе ја промени вашата рутина

Сè повеќе луѓе во светот и кај нас ја воведуваат новата навика на утрински „digital detox“ – ограничување на користење на телефони, компјутери и социјални мрежи во првите часови по будењето. Истражувањата покажуваат дека оваа практика им помага на луѓето да се фокусираат на себе, да го започнат денот помирно и да ја намалат стресната анксиозност пред да започне работниот ден.

Навиката се состои од едноставни чекори: утринска прошетка, вежбање, читање или медитација, без постојано проверување на пораки, известувања и социјални медиуми. Луѓето кои ја практикуваат велат дека се почувствувале поефикасни и поорганизирани, а истовремено имаат повеќе време за семејството и личните активности.

Според експертите, оваа навика станува сè попопуларна, особено кај младите професионалци и работници од домување, кои често се преплавени со информации. Тие посочуваат дека со малку дисциплина и континуитет, „digital detox“ може значително да ја подобри продуктивноста, менталното здравје и општата благосостојба на поединецот.

Тагови: вежбање здрав напиток здрава храна здравје ментално здравје навики

Промовирани огласи »

Викендов ќе се одлучува дали ќе продолжи мерката за пониско ДДВ на горивата

Намалувањето од 18 на 10% завршува во понеделник. Владата викендов ќе одлучува дали ќе ја продолжи мерката за пониско ДДВ на горивата.

Владата викендов ќе одлучува дали ќе ја продолжи мерката за пониско ДДВ на горивата. Намалувањето од 18 на 10% завршува во понеделник, заедно со попустот кој го добиваат најголемиот дел од бензинските станици.

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека добар сигнал е тоа што нафтата на светските берзи вчера паднала на стотина долари за барел, но мора да се почека петок кога ќе заврши тргувањето, па потоа да се прават пресметки која би била цената што ќе ја донесе Регулаторна.

Доколку видиме дека ќе имаме зголемување на цените на безоловниот бензин и на дизелот, тогаш апсолутно дека ќе ја продолжиме таа мерка сè додека трае кризната состојба. Ако продолжи и понатаму, ќе ја продолжиме и кризната состојба и ќе ја продолжиме повторно мерката и ако повторно ескалира, имаме уште алатки на располагање. Се разбира, акцизите, тука се и акцизите, што сè уште ни стојат на располагање. Во овој прв месец во историски најголемата нафтена криза по онаа од 1973 година, односно од седумдесеттите години на минатиот век, ние како држава рефлектираме стабилност и сигурност и план да се справиме со овие предизвици – кажа Мицкоски.

Какви антикризни мерки ќе се скројат, најмногу зависи од тоа колку пари има во државната каса.

Ние оваа година треба да вратиме две и пол милијарди евра, стари долгови направени од претходната влада. Во моментов се врши исплата на т.н. солидарен данок, прва рата, во вредност од 25 милиони евра, од претходната влада. Во моментов ги сервисираме сите оние обврски и недовршени обврски од претходната влада. Во зависност од ресурсите со коишто располагаме, такви мерки и правиме – изјави премиерот.

И покрај ваквата состојба, Македонија е единствената земја во регионот која оваа недела не ги зголеми цените на горивата, рече Мицкоски. 

Тагови: гориво мерки ДДВ

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »