
За компанијата:
Аларм автоматика е водечка регионална компанија во Security & Safety индустријата. Со повеќе од 36 години искуство, присуство во 11 земји и тим од повеќе од 220 експерти, секојдневно развиваме сопствени... повеќе за компанијата »
Аларм аутоматика е водечка регионална компанија во Security & Safety индустријата. Со повеќе од 36 години искуство, присуство во 11 земји и тим од повеќе од 220 експерти, секојдневно развиваме сопствени иновативни решенија со цел да ги заштитиме животите и имотите на нашите клиенти. Поради динамичниот раст, бараме нов член за нашиот тим во Скопје.
Дознајте повеќе за нас со посета на нашата web страница!
Опис на позицијата и клучни одговорности:
- Секојдневна комуникација со клиенти во врска со барања и нарачки
- Изработка на понуди и фактури, како и потребна продажна документација
- Прием и издавање на опрема
- Организација и одржување на магацински простор
- Контрола на фактури, преглед на опрема и решавање на проблеми (недостаток, оштетување)
- Анализа на податоци за продажба и залиха со цел оптимизација на магацинот
- Нарачување на опрема, контрола на залиха и предлагање на промотивни акции
- Ажурирање на артикли и цени на B2B платформата
- Координација со колеги од матичната компанија во Хрватска
- Активно учество во организација на настани (презентации, едукации) и припрема на маркетинг материјали
- Континуирано усовршување за нови производи и практики преку интерна и екстерна едукација
Бараме лица кои:
- Имаат развиени продажни и комуникациски вештини
- Се прецизни, организирани и точни во работата
- Покажуваат интерес за технолошки производи
- Имаат одговорен пристап и иницијатива во работата
- Можат да работат самостојно, но и во тим
- Имаат познавање на англиски јазик на ниво Б2
- Имаат познавање на MS Office пакетите
Што нудиме:
- Работа на неопределено време (по завршување на пробниот рок)
- Работно време од понеделник до петок од 8h до 16h
- Стимулативно наградување зависно од постигнатите резултати
- Менторска програма и воведување во работата
- Професионален напредок и континуирано стручно усовршување
- Работа во меѓународно опкружување
Испратете ги вашите апликации до MCD_sales@alarmautomatika.com
Send your applications to MCD_sales@alarmautomatika.com
Слични огласи »