СОС Детско село е дел од глобалната мрежа на СОС Детски села Интернационал – водечка меѓународна организација посветена на поддршка на деца без родителска грижа и семејства во ризик. Организацијата делува и работи на развојни програми од областа на социјална заштита, социјална превенција и детски права.
СПЕЦИЈАЛИСТ/КА ЗА ЗАСТАПУВАЊЕ И КОМУНИКАЦИЈА
Локација: ул. Ристо Шишков, 31 Скопје
Рок на аплицирање: 31.08.2025
Вид на ангажман: Проектна позиција со времетраење до 3,5 години
Проект: „Право на семејство II - подобрување на достапноста, пристапноста и квалитетот на згрижувачките семејства и услугите во заедницата.“
СОС Детско село Северна Македонија, која што работи на унапредување на правата и добростојбата на децата, објавува оглас за вработување на Специјалист/ка за застапување и комуникации, кој/а ќе биде клучен/на во развој и реализација на активности за застапување и комуникација со клучни партнери и соработници на организацијата. Доколку имате искуство и страст за унапредување на детските права и искуство во комуникација, промовирање на јавни политики ве повикуваме да аплицирате.
КЛУЧНИ ОДГОВОРНОСТИ:
- Развивање и имплементација на застапувачки стратегии за унапредување на правата на децата
- Следење и анализа на политики и законодавство поврзано со социјална заштита и детска благосостојба
- Воспоставување и одржување на партнерства со институции, локални власти, медиуми и граѓански организации
- Подготовка на брифови и документи за политики и препораки, извештаи и комуникациски материјали за застапување
- Организирање на јавни настани, тркалезни маси и средби со носители на одлуки
- Поддршка на активности за подигнување на јавната свест за правата на децата
- Учество во подготовка на проекти и извештаи до донатори
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ И ВЕШТИНИ:
- Високо образование во областа на општествените науки, право, политички науки, јавна администрација или сродни области
- Најмалку 3-5 години релевантно работно искуство во застапување, социјална заштита или детски права
- Одлични комуникациски и презентациски вештини
- Одлични вештини за вмрежување и преговарање
- Искуство во работа со институции и граѓански сектор
- Познавање на националниот систем за социјална заштита и законодавството за заштита на децата (предност)
- Познавање на проектен менаџмент, искуство во имплементација на проекти и комуникација со донатори
- Способност за самостојна работа и тимска соработка
- Одлично познавање на македонски и англиски јазик (усно и писмено)
КОМПЈУТЕРСКИ ВЕШТИНИ И ПРОГРАМИ:
- Одлично познавање на MS Office пакет (особено Excel, Word и PowerPoint)
- Искуство со Microsoft Teams и Outlook за комуникација и координација
- Познавaње на алатки за проектен менаџмент:
- Вештини за користење алатки базирани на вештачка интелигенција (AI) за креирање содржини, анализа на податоци и оптимизација на комуникациски материјали (ChatGPT, Canva AI, Grammarly, итн.)
Придружете ни се и бидете дел од тимот што прави разлика!
💙 Ниту едно дете не треба да расте само! 💙
Напомена: Вашите лични податоци ќе бидат обработени со цел да се изврши процес на регрутирање за понудената работа. Доколку ни дадете експлицитна согласност, вашите лични податоци ќе бидат обработени и за учество во понатамошни процеси на регрутирање што ги спроведува СОС Детско село и испраќање известувања за понуди за работа.
СОС Детскo селo практикува политика на нулта толеранција за злоупотреба, дискриминација и непрофесионално однесување. Сите кандидати со самото аплицирање се смета дека се согласуваат со Кодексот на однесување и Политиката за заштита на деца и млади и се подготвени да работат согласно нив. Организацијата, исто така, се залага за унапредување на родовата еднаквост и активно придонесува кон одржување на родова рамнотежа во сите аспекти на своето работење.