Специјал Продукт Дооел лого

Технолог

За компанијата:

Компанијата „Специјал“ е реномиран лидер во областа на пекарство, слаткарство и индустрискиот кетеринг и услужната подготовка на храна, со посветеност кон квалитет, сигурност и иновативност.... повеќе за компанијата »

Активни огласи од Специјал Продукт Дооел:

Магационер

Опис на работното место:

  • Тестирање во пракса и изработка на нормативи
  • Контрола на вработените, дали работат по зададениот норматив, дали се придржуваат кон зададените правила и процедури.
  • Корекција на нормативи практично
  • Стандаридизрање на процеси и постапки и пропишување на истите
  • Изработка на протоколи упатства, форми за евалуација за процеси и продукти
  • Развој на нови производи
  • Изработка на декларации при развој на нови производи
  • Задолжен/а за воспоставување, спроведување и контрола на стандардите во Друштвото согласно законската регулатива; 
  • Задолжен/а за одржување на системот за безбедност на храна и управување со квалитет со цел да овозможи производство на здравствено исправни производи кои ги исполнуваат законските регулативи и барањата за квалитет, како и задоволувањата на барањата на потрошувачите; 
  • Одговорен е за ажурно водење на документацијата (НАССР записи);
  • Задолжен/а за развивање и одржување на системот за безбедност на храна и управување со квалитетот со воспоставување и одржување на целокупната потребна документација;
  • Го одржува HACCP во Друштвото преку одржување на процедурите и сите потребни дополнителни документи;
  • Воспоставува комуникација со клиентите со цел подобрување на квалитетот на целокупното работење и техничките перформанси; 
  • Одговорен за одржување на контролата на квалитет на производите во текот на производството; 
  • Ги контролира постапките при испорака на готов производ; 
  • Спроведува обука на вработените за сите процедури поврзани со управување на квалитет, безбедност на храна и хигиена;
  • Води грижа за здравствениот билтен на вработените (санитарни книшки); 
  • Дава дневни, неделни и месечни извештаи за сработеното на претпоставениот

Потребни квалификации:

  • Завршено високо образование - дипломиран инженер прехранбен технолог
  • Пожелно претходно работно искуство
  • Одлично познавање на MS Office пакетот
  • Познавање на англиски јазик 
  • Пожелно поседување на возачка дозвола Б категорија

Личен профил:

  • Навремено исполнување на работните задачи со испорачување на квалитетни резултати
  • Амбициозна Организирана, одлучна и одговорна личност
  • Способност за водење на тим и развиена професионална  комуникација
  • Лојалност, иницијативност, темелност и  енергичност
  • Самоиницијативност и капацитет за напредок и развој
  • Способност за работа во динамична средина

Што нудиме ние: 

  • Пријатна работна средина со многу предизвици
  • Конкурентна плата
  • Попуст во приватна здравствена установа
  • Оброк
  • Обуки за развој
  • Континуиран фидбек од работата

Доколку сте заинтересирани да бидете дел од нашиот тим испратете го вашето CV на [најави се за да го видиш е-маилот]

Само апликантите кои што одговараат на профилот ќе бидат контактирани. 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »