Вдл Ван Хоол Македонија Дооел лого

Електроинженер во сектор за производствено инженерство

За компанијата:

Вдл Ван Хоол Македонија Дооел Илинден, белгиски реномиран производител на автобуси, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје 2, во Бунарџик/Илинден, контакт тел.бр. (02) 551-2851

повеќе за компанијата »

ВДЛ Ван Хоол Македонија е дел од холандската Групација ВДЛ. Компанијата дојде во земјава во 2012 година кога ја изгради и фабриката во Технолошко индустриската развојна зона Скопје2 во Бунарџик, со што ја врати традицијата на автобуската индустрија во земјата.

Денес повеќе од 1300 вработени работат во фабриката со површина од 78.000 м2, произведувајќи автобуси за пребирливите, со почитување на строгите стандарди и критериуми на европските и северноамериканските пазари. Од самиот почеток постојано вложуваме напори дел од своите вградени компоненти да ги обезбедиме од локални извори. Денес ВДЛ Ван Хоол Македонија е сериозен партнер на повеќе од 20 домашни фирми, а во повеќето од нив самата компанија има вложено во нивното знаење со цел да им помогне да станат добавувачи на врвна светски позната компанија.

За растечките потреби на нашиот производен капацитет,лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје2, во Бунарџик / Илинден отвораме нови работни места за следниве позиции:

РАБОТНА ПОЗИЦИЈА: ЕЛЕКТРОИНЖЕНЕР ВО СЕКТОР ЗА ПРОИЗВОДНО ИНЖЕНЕРСТВО

РАБОТНИ ЗАДАЧИ:

  • Дава техничка поддршка на вработените во производство, користејќи листа на материјали, работилнички цртежи и работни упатства;
  • Известува за технички проблеми и го води процесот при изнаоѓање на решение во соработка со инженеринг тимот на ВДЛ Ван Хоол Белгија;
  • Директно го води процесот при промени во дизајнот и листата со материјали;
  • Иницира, собира, рагледува, проценува и проследува до инженеринг тимот на ВДЛ Ван Хоол Белгија предлози за подобрување на производствениот процес и дизајнот на возилата.

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:

  • ВСС – Електро инженер;
  • Одлично познавање на англиски јазик (чита, пишува, говори);
  • Одлично познавање на MS Office;

ШТО НУДИМЕ:

  • Компетитивни месечни примања на пазарот на труд во РСМ плус минат труд;
  • Меѓународно опкружување со многу можности за учење, развој и раст.
  • Можности за обука во странство;
  • Можност за стекнување на меѓународно препознаени сертификати за стекнати професионални вештини;
  • Работна околина според највисоки европски норми за безбедност и здравје при работа;
  • Одлично лидерство, позитивна и охрабрувачка работна средина и организациска култура;
  • Раст на платата минимум еднаш годишно според успехот;
  • Регрес (23.100 денари);
  • 24/7 дополнително осигурување од незгода;
  • Бесплатен топол оброк со избор на повеќе менија  во кантина со ресторански стандард;
  • Обезбеден превоз до/од работното место;
  • “Купи со попуст” - одобрени попусти за вработени во одредени продажни места;
  • Бонус за препорачан пријател на работа;
  • Тим билдинг активности;

Доколку сте заинтересирани испратете го Вашето CV (работна биографија) на англиски или на македонски јазик на www.vdlvanhool.com/mk, во делот “Кариери”.

Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на разговор. 

Со Вашето доставување на CV се согласувате истото да биде задржано во нашата база на кандидати во времетраење од 12 месеци. 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »