Промовирани огласи »

Најновите податоци од Евростат покажаа дека секторот „земјоделство, рибарство и шумарство“ придонел со 17,9 oтсто во создавањето на вкупната економска вредност на Албанија во 2024 година. Овој удел е многу повисок од просекот на Европската Унија од 1,7 oтсто, но и повеќе од двојно во споредба со земјите во регионот.

Во Албанија, придонесот на земјоделството во економијата се намалува со текот на годините, при што во 2019 година овој показател изнесувал 21 отсто, но земјата сè уште останува најземјоделска во Европа.

На второто место е Косово, каде земјоделството придонесува со 8,8 отсто од бруто додадената вредност. На трето место е Северна Македонија, со 8,8 отсто, по што следуваат Црна Гора со 6,5 отсто, Турција со 6,3 отсто и Босна и Херцеговина со 5 отсто. 

Во регионот, Србија има најнизок удел на земјоделството, со 3,7 отсто, што е пониско дури и од Грција (3,8 отсто) и Хрватска (4,1 отсто).

Тагови: Албанија Евростат земјоделски производи

Промовирани огласи »

ЦАРИНИ ЗА БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА И СРБИЈА: Еве каков договор постигнаа дел од балканските земји со Трамп

🔴Овие царини за Босна и Херцеговина и Србија, заедно со нови царински стапки за неколку други земји, треба да стапат во сила на 1 август

Претседателот на САД  Доналд Трамп синоќа објави воведување царини од 30 проценти на увозот од Босна и Херцеговина и 35 проценти на увозот од Србија, според писмата до лидерите на земјите, објавени на социјалната мрежа Трут Соушл.

Овие царини за Босна и Херцеговина и Србија, заедно со нови царински стапки за неколку други земји, треба да стапат во сила на 1 август.

Новите стапки се пониски од претходно одложените реципрочни царини што Трамп ги објави во почетокот на април – 37 проценти за Србија и 35 проценти за Босна и Херцеговина, пренесува Радио Слободна Европа. Тој го одложи нивното стапување во сила за 90 дена.

Мерката беше објавена преку писма од Трамп до лидерите на засегнатите земји, вклучувајќи го претседателот на Србија, Александар Вучиќ, и претседавачката на тричленото претседателство на Босна и Херцеговина, Жељка Цвијановиќ.

Писмата генерално се во стандарден формат, поради што Цвијановиќ првично добила писмо со обраќање „господин Претседател“, кое подоцна било исправено.

Во писмата, Трамп ги повикува лидерите на овие земји да учествуваат во „извонредната економија на САД, која несомнено е прва во светот“. Трамп дополнително наведува дека американската администрација утврдила оти е неопходно да се „стави крај на долгорочните и упорни трговски дефицити предизвикани од царински, нецарински, политички и трговски бариери“ со кои се соочуваат земји како Босна и Херцеговина и Србија.

„Доколку од која било причина одлучите да ги зголемите вашите царини, без разлика на износот на зголемувањето, тој ќе биде додаден на овие 35 проценти што ви ги наметнавме“, се вели во писмото на Трамп до Вучиќ.

Вчера, американскиот претседател на својата социјална мрежа „Трут Соушл“ (Truth Social) објави нови царински стапки за повеќе земји: 25 проценти за Јапонија, Јужна Кореја, Малезија и Казахстан; 30 проценти за Јужна Африка; 32 проценти за Индонезија; 35 проценти за Бангладеш; 36 проценти за Камбоџа и Тајланд; и 40 проценти за Лаос и Мјанмар.

Тагови: Доналд Трамп Србија царина

Промовирани огласи »

Огласи за работа во Охрид!

Најновите огласи за работа во Охрид!

Денес ви ги издвојуваме најпосетуваните работни позиции во Охрид на KARIERA.mk, се надеваме дека ќе го најдете вашето идеално работно место меѓу нив.

Охрид, еден од најубавите и најпосетуваните градови во Македонија, нуди многу можности за вработување во различни сектори. За да го пронајдете вашето идеално работно место во Охрид, посетете го нашиот веб сервис KARIERA.mk, како и на нашите социјални мрежи каде многу работодавци објавуваат отворени позиции.

Продажен персонал - Охрид
Фармацевтски техничар со уверение - Охрид
Касиери/ки - Охрид
Администратори/ки
Проект менаџер

Сите останати работни места за во Охрид можете да ги најдте ТУКА.

Прочитајте и за: Најновите огласи за работа во Скопје!

Промовирани огласи »

УНЕСКО: Охридскиот регион на работ на губење на статусот за заштитено богатство

УНЕСКО изрази сериозна загриженост за продлабочувањето на урбаната деградација и повика на итно спроведување на препораките за заштита на Охридскиот регион.

Охридскиот регион се соочува со можна загуба на статусот на заштитено светско наследство, откако УНЕСКО на 47. Сесија во Париз усвои нацрт-документ кој ја посочува заканата од впишување на регионот на листата на светски природни и културни богатства во опасност. Основните причини за ова се продолжената деградација на уникатните вредности на регионот и неисполнувањето на препораките од Реактивната мониторинг мисија од минатата година.

УНЕСКО упати барање за итно спроведување на препораките, меѓу кои вклучуваат суспендирање на измените на Деталните урбанистички планови, изработка на нови Генерални урбанистички планови за Охрид и Струга и изработка на Стратешка еколошка проценка. Освен тоа, акцент се става на забрана за градежни активности околу Студенчишкото Блато и хотелскиот комплекс „Горица 3“ додека не се направат детални проценки на влијанието.

УНЕСКО, исто така, апелира за подобрување на прекуграничниот дијалог меѓу Македонија и Албанија за долгорочно управување со регионот. Доколку државата и надлежните институции не постапат веднаш, можноста за впишување на Охридскиот регион на Листата на богатства во опасност е голема, што може сериозно да влијае врз статусот на УНЕСКО и имиџот на земјата.

Тагови: Охрид Унеско

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »