Промовирани огласи »

Ќе се ангажираат 400 привремени пожарникари, сите кои ќе се покажат ќе може трајно да бидат вработени

Владата објави оглас за ангажирање на 400 невработени луѓе во спречување и заштита од пожарите. Секој што ќе се пријави и ќе биде избран, ќе добие месечен надомест по 24.000 денари.

Владата објави оглас за ангажирање на 400 невработени луѓе во спречување и заштита од пожарите. Секој што ќе се пријави и ќе биде избран, ќе добие месечен надомест по 24.000 денари, информираа на денешната прес-конференција, владината портпаролка Марија Митева и директорот на Дирекцијата за спасување и заштита (ДЗС), Стојанче Ангелов.

Како што беше кажано, тие што ќе покажат посветеност и висока физичка подготвеност по завршување на оваа мерка ќе бидат трајно вработени во некоја од територијалните противпожарни единици.

Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов рече дека тие што ќе се пријават на повикот ќе имаат кратка обука, по која ќе бидат одбрани најдобрите и ќе бидат вклучени во специјална единица за заштита и спасување, која е во фаза на формирање.

Ги повикувам оние кои бараат работа или сакаат работа со поголем предизвик да се пријават. Во Скопје е предвидено да бидат ангажирани околу 100 лица, кои ќе бидат вработени во тимовите за брз одговор за заштита и спасување, а најдобите од нив ќе бидат потоа вработени во новата едници која планираме да ја формираме и ќе се вика Специјална единица за заштита и спасување. Можеби оваа сума од 24.000 денари не е голема, но сите кои ќе се покажат ќе може трајно да бидат вработени во Бригадите за противпожарна заштита. Кандидатите треба да бидат психофизички здрави, а луѓе со хронички болести, срцеви болести, проблем со шеќер не е добро да се пријават на овие огласи, рече Ангелов и додаде дека општините Струмица и Кочани не аплицирале па бројките кои биле предвидени за нив ќе бидат најверојатно распоредени во останатите општини.

Според Ангелов, состојбата со системот за заштита од пожари во моментот е драстично подобрена. На Дирекцојата ѝ се предадени пет хермелини, 15 БТР, 18 пинцови, се чекаат уште пет, и истите се прилагодени за користење во противпожарни задачи.

Ова утро имавме огнено крштевање на еден од пинцгауерите на пожарот близу Скопје во атарот на Чучер Сандево при што покажа навистина извонредни резултати, рече Ангелов.

Тој потврди дека се уште е активен пожарот кај Блаце, во чие гаснење вклучени два полициски и еден армиски хеликоптер, како и еден „хермелин“ со цистерна, еден „пинцгауер“ и едно теренско возило „амарок“.

Тагови: Влада на РСМ вработени пожарникари Стојанче Ангелов

Промовирани огласи »

Од полноќ се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,73% во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт на Регулаторна комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија од 30.06.2025 година.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 30.06.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 74,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 76,00 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 30.06.2025 година и со тоа, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 70,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), не се менува, односно останува на исто ниво како што била утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 30.06.2025 година и со тоа, малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 69,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 0,174 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 30.06.2025 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 39,409 ден/кг.

Тагови: Регулаторната комисија за енергетика-(РКЕ) цени на горивата

Промовирани огласи »

Македонија не може да го следи трендот на европските земји во зголемувањето на возраста за пензионирање

Македонија не може да го следи трендот на европските земји во зголемувањето на возраста за пензионирање, вели Стопанската комора и Лигата на пензионери.

Националната дискусија за зголемувањето на возраста за пензионирање ја вознемири јавноста, додека претставниците од Стопанската комора на Северозападна Македонија и Лигата на пензионери нагласија дека земјата не може да го следи европскиот тренд. Тие предложија флексибилност за граѓаните кои се чувствуваат подготвени да продолжат со работа доколку постои согласност меѓу работодавачите и пензионерите.

Во пресрет на најавите за зголемување на пензиската возраст во неколку европски земји, синдикатот на пензионери истакна дека таквиот пристап треба да ги земе предвид специфичните услови на работа во Македонија, како што се работниците во тешки индустрии и текстилната индустрија, каде условите се значително различни од оние во Европа.

Уредбите и консултативните извештаи од изминатата година, како оној на Фискалниот совет, не успеаја да добијат поддршка, а граѓаните изразија загриженост дека зголемувањето на пензиската возраст би значело огромен товар, особено за луѓето во физички тешки работи. Разликите меѓу Македонија и држави како Данска, која има планови за пензионирање на 70 години до 2040, ја прават примената на истиот модел неумесна според нив.

Тагови: пензионери Стопанската комора

Промовирани огласи »

Откриени лажни екстензии на Firefox кои крадат податоци

Истражувачите за сајбер безбедност во Koi Security открија сериозна кампања за кражба на криптовалути преку повеќе од 40 злонамерни екстензии на Mozilla Firefox

Истражувачите за сајбер безбедност од Koi Security открија загрижувачка кампања за кражба на криптовалути преку повеќе од 40 злонамерни екстензии на Mozilla Firefox. Овие софтверски надградби крадат приватни клучеви и фрази од крипто паричниците на корисниците, преправајќи се како легитимни додатоци за популарни платформи како MetaMask, Coinbase и други.

За разлика од класичните фишинг напади, овие екстензии директно функционираат во прелистувачот. Напаѓачите искористиле легитимни екстензии со отворен код и вметнале злонамерен код што автоматски испраќа чувствителни податоци до серверите што ги контролираат. Сомнителни коментари на руски јазик во кодот укажуваат на можна руска инволвираност во оваа операција.

Иако Mozilla најголем дел од овие екстензии ги отстрани од својата продавница, некои, како MyMonero Wallet, сѐ уште се активни. Koi Security препорачува преземање екстензии само од проверени издавачи, внимавање на нивното однесување по инсталацијата, и редовно ажурирање на прелистувачите и безбедносните алатки за заштита од вакви напади.

Тагови: Firefox Mozilla заштита на лични податоци

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »