“CFO Pharma Macedonia” интернационална фармацевтска компанија има потреба од Административен асистент , за тековно административно работење на компанијата:
Работни обврски:
-Организација и координација на тековните административни активности во компанијата
-Подготовка, евиденција и архивирање на деловна документација
-Комуникација и кореспонденција со клиенти, партнери и соработници по електронска пошта и телефон
-Закажување, координација и следење на состаноци, деловни обврски и дневни активности
-Поддршка во организацијата на канцелариското работење и секојдневните интерни процеси
-Внес, ажурирање и одржување на податоци и интерни евиденции
-Административна поддршка на менаџментот и тимот во секојдневното работење
Потребни квалификации:
-Искуство на иста или слична позиција ќе се смета за предност
-Одлични организациски и комуникациски вештини
-Професионален, одговорен и дискретен пристап кон работата
-Познавање на Англиски јазик и работа со компјутер (MS Office пакет)
-Возачка дозвола Б категорија
Доколку се пронаоѓате во оваа позиција, испратете ја вашата апликација на:
[најави се за да го видиш е-маилот]