
За компанијата: Компанијата ЕСИ (Employment Services International) е присутна на пазарот од мај 2007, како агенција за услуги кои се однесуваат на човечките ресурси.
Наша цел е да понудиме комплетни решенија за раководење...
повеќе за компанијата »За потребите на нашиот соработник, кој работи во невладин сектор, Здружение на граѓани НЕКСУС Граѓански концепт, поради потребите за проширување на својот тим, бараме кандидат на позиција:
ПРОЕКТЕН АСИСТЕНТ (М/Ж) – реон Скопје
Опис на работните задачи
- Проектиниот ассистент работи административни и финансиски работи директно поврзани со спроведување на програмите и проектите во организацијата. Тој е првата личност што контактира со странките и е одговорна за добро и правилно спроведување на системите за административно-финансиска канцеларија.
- Одговорен/на за спроведување на општите и специфичните цели на проектите;
- Одговорен/на за прием и регистрација на документи од трети лица и давање услуги на истите;
- Воспоставува врски преку телефонски и електроснки уреди при внатрешни и/или надворешни комуникации;
- Архивирање: запишување на акти во архивата, архивирање на предмети според планот на архивирање;Експедиција: подигање и испорака на пошта и друг материјал и акти со општо значење и од друга организација; распоредување на поштенски пратки и други материјали и доставување на материјали и пратки до трети лица;
- Подготвува и чува евиденции за персоналот на работа;
- Подготвува документи потребни за сметководствена евиденција на дневна основа и е во постојана комуникација со сметководството;
- Планира и организира превод на документи и публикации;
- Подготовка, печатење, фотокопирање и скенирање на документи;
- Извршува работи во координација и соработка со координаторот на проектот и според програмските алатки.
- Развива работни планови, редовно ги следи реализираните трошоци по проектните буџети преку изработка на парични текови за трошоци по проекти и ги презема сите активности поврзани со проектот во соработка со Координаторот на проектот.
- Соработува со засегнатите страни во согласност со проектот и развојните активности и потреби.
- Создава релевантни материјали, т.е. формулари за истражување, следење и оценување.
- Врши дневно известување до Координаторот на проектот за тековните активности, за ефикасно и навремено решавање на сите проблеми.
- Подготвува неделни и месечни наративни и финансиски извештаи, до координаторот на проектот на негово барање.
- Спроведува акции и имплементација на визијата и мисијата (стратегијата) на НЕКСУС;
- Одговорен за навремено, законско и квалитетно извршување на работите и задачите извршени во тимот
- Дејствува во согласност со работната политика на НЕКСУС и се грижи за обезбедување, почитување и спроведување.
- Одговорен за правилно користење на основните средства на НЕКСУС
- Врши и други работи од негова надлежност, во согласност со законот, општите акти на Здружението, овластувањата, делегирањето и барањата на извршниот и финансискиот директор.
Потребни квалификации
- Високо образование – Универзитетско образование во областа на правни или економски науки
- Претходно работно искуство од 2 години, дополнително ќе се смета за предност доколку сте имале учество во некој ЕУ проект;
- Солидно познавање на Англиски Јазик, познавање на Албански јазик ќе се смета за предност
- Одлично познавање на работа со компјутери (МS Office)
- Возачка дозвола: Б категорија
- Специфични лични вештини: уредност, темелност, комуникација; лојалност; чесност; иницијатива; доверливост; капацитет за тимска работа; можност за решавање на конфликтите.
Нудиме
- Компетитивна плата
- Работа на полно работно време од 08:00 - 09:00 до 16:00 - 17:00 часот
- Вработување – договор за привремена работа со пробен период со можност за вработување на определено време.
- Динамична работна средина
- Можност за напредок
Своите биографии испратeте ги на [најави се за да го видиш е-маилот] и или аплицирајте директно на www.esi.mk .
ЕСИ (Employment Services International)
ул. Костурски херои 62/1,1000 Скопје
T: +389 2 3246-899, Ф: +389 2 3246-897
[најави се за да го видиш е-маилот] , www.esi.mk
Слични огласи »