
За компанијата:
Пивара Скопје АД е една од водечките компании во Македонија, заедничко вложување помеѓу Coca-Cola HBC и Heineken. Неговата успешна приказна започна во 1922 година и е резултат на огромна посветеност, енергија, знаење, искуство и тимска работа вложени од генерации професионалци.
повеќе за компанијата »АДМИНИСТРАТИВЕН АСИСТЕНТ м/ж
КОИ СМЕ НИЕ
Ние сме Пивара Скопје, неприкосновен лидер на пазарот за производство и продажба на безалкохолни пијалаци, пиво и премиум алкохолни пијалаци., Постојано растеме и сме посветени на одржливиот развој како една од нашите главни заложби. Ние сме продажно-ориентирана компанија која континуирано воведува иновации во секојдневното работење и постојано ја проширува палетата на производи, одржувајќи највисоко ниво на квалитет и богатство од вкусови, со цел да бидеме 24/7 партнер за пијалаци.
Тука сме повеќе од 100 години и го поврзуваме нашето културно-историско богатство заедно со моќта на двете глобални групации на кои припаѓаме - Coca-Cola HBC и HEINEKEN. Постојано откриваме нови начини на испорака на најдобра услуга на нашите купувачи и уникатно искуство на нашите потрошувачи. И ќе продолжиме да го правиме тоа на начин што ќе ги инспирира нашите луѓе да победуваат како еден заедно со нашите купувачи.
Повеќе од 100 години градиме силни партнерства со нашите купувачи, потрошувачи и заедницата . Заедно создаваме, заедно растеме и заедно им се радуваме на сите досегашни успеси и на оние што допрва ќе дојдат, затоа што ние сме партнери засекогаш!
ШТО НУДИМЕ?
- Флексибилност во организирање на работното време
- Хибриден модел на работа кој овозможува работа од дома
- Целосно дигитализиран процес на работа базиран на современи алатки и технологии
- Можност за учење и работа во SAP
- Фит кит –бесплатна месечна чланарина која овозможува пристап до повеќе од 300 спортски активности
- Исплата на годишен бонус согласно корпоративните, локалните и индивидуалните остварувања
- Годишно зголемување на плата врз основа на индивидуални перформанси
- Бесплатни компаниски производи за роденден и празници
- 24/7 осигурување од незгода
- Можности за обуки и развој поддржани од две интернационални корпорации
ТВОИТЕ РАБОТНИ ЗАДАЧИ:
- Подготвување извештаи и презентации согласно потребите на секторот
- Управува со документацијата на секторот
- Обезбедува логистичка поддршка за патувања во земјата и странство
- Активно учествува во организирање внатрешни и надворешни настани и активности
- Организира различни состаноци и ги потврдуваучесниците, датумите и времето, ја потврдува агендата за состаноците, води записници од истите и ги дистрибуира до учесниците
- Учествува на состаноци и води белешки или записници по налог на претпоставениот
- Обезбедува останата административна поддршка на тимот во делот на следење и порамнување на буџети, сметки и трошоци и останати активности согласно потребите и тековните активности на тимот
ШТО БАРАМЕ:
- Универзитетска диплома
- 5+ години искуство на иста или слична позиција
- Одлични комуникациски вештини
- Способност за правилно, оптимално планирање и извршување на работните задачи, како и на ненадејно зададени задачи со висок степен на приоритет и важност.
- Ориентираност кон детали и педантност во подготовка на документација, организација на состаноци и патувања
- Напредно познавање на MS Office алатки (Word,Excel,Power Point)
- Одлично владеење со деловен англиски јазик
Доколку се пронаоѓаш во описот и си подготвен/а за нови предизвици и можности за развој, аплицирај најдоцна до 10.07.2025г.
Неделното работно време за позицијата е од понеделник до петок, 40 работни часа. Избор на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45/90/120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавените кандидати. Со праќање на вашата апликација, давате согласност вашите податоци да бидат задржани и користени од компанијата во рок од 1 (една) година.
Слични огласи »