Промовирани огласи »

Поскапува парното: Декемвриските сметки повисоки за речиси 6 проценти

Од 1 декември сметките за парно греење ќе пораснат во просек за 5,9%, што значи дека домаќинствата ќе плаќаат околу 130 денари повеќе месечно.

Од 1 декември граѓаните ќе плаќаат поскапи сметки за парно греење, откако Регулаторната комисија за енергетика одобри зголемување на цената во просек за 5,9 проценти. Според претседателот на Комисијата, Марко Бислимоски, просечната декемвриска сметка ќе порасне за околу 130 денари, од досегашните 2.200 на 2.330 денари.

Зголемувањето нема да биде еднакво за сите корисници. За најголемиот дел граѓани кои се снабдуваат со топлинска енергија преку ЕСМ дистрибуција, поскапувањето изнесува во просек 5,9 проценти. Кај потрошувачите приклучени на ЕСМ Енергетика поскапувањето ќе биде повисоко и ќе достигне 7,6 проценти, додека за корисниците на системот на Скопје Север порастот на цената ќе изнесува околу 7,7 проценти.

Регулаторната комисија образложи дека корекцијата на цената е резултат на променетите трошоци во системот за производство и дистрибуција на топлинска енергија. Новите цени ќе важат од 1 декември, што значи дека веќе декемвриските сметки кои граѓаните ќе ги добијат во јануари ќе бидат повисоки од досегашните.

Тагови: ЕСМ Марко Бислимовски поскапува парното

Промовирани огласи »

„Сејф сити“ стартува пробно во декември, казните официјално од 1 јануари 2026

Новата мрежа на камери „Сејф сити“ од декември ќе почне пробно да ги регистрира сообраќајните прекршоци, а од 2026 казните ќе стигнуваат директно дома.

Системот за видео-надзор „Сејф сити“ за неколку дена влегува во пробна фаза, при што иако ќе се води како тест период, ќе започне да ги регистрира сообраќајните прекршоци. Официјалниот старт е закажан за 1 јануари 2026 година, но од декември годинава камерите ќе бидат во функција и ќе ги „ловат“ нарушувањата на правилата во сообраќајот. Проектот најпрво ќе биде имплементиран во Скопје и уште два други града, а до средината на 2026 година се планира проширување на целата територија на државата.

Според најавите, возачите кои ќе направат прекршок ќе добиваат СМС порака или е-пошта со фотографија од прекршокот во рок од 24 часа, додека писмените казни ќе пристигнуваат на домашна адреса. На овој начин, институциите очекуваат минимизирање на можностите за избегнување на санкциите и зголемување на дисциплината во сообраќајот.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски изјави дека „Сејф сити“ ќе влијае на промена на однесувањето на возачите. „Искрено многу верувам во овој проект. Убеден сум дека за многу краток временски период ќе го смениме менталитетот и односот на нашите граѓани во делот на почитување на сообраќајни правила. Со имплементација на овој систем нема да има опција за избегнување на казна“, порача Тошковски.

Тагови: Панче Тошковски Сејф сити - Безбеден град сообраќаен прекршок

Промовирани огласи »

Големиот повраток на обуките: Инвестирај во луѓето или изгуби ги

Компаниите што НЕ инвестираат во обуки – ќе ги изгубат најдобрите луѓе!

Во последните години, компаниите се соочуваат со најголемиот талентски јаз досега – а одговорот на оваа криза повторно ги враќа во фокус програмите за развој и обука. „Инвестирај во луѓето или изгуби ги“ веќе не е мотивациски цитат, туку реалност што ја диктира конкурентноста на секој бизнис.

По периодот на економски несигурности и кратење на трошоци, многу организации повторно ги активираат плановите за развој на вештини. Причината е јасна: вработените повеќе не остануваат таму каде што не се развиваат. Според последните HR трендови, 7 од 10 професионалци би ја напуштиле својата работа ако компанијата не нуди можности за учење и напредок.

Компаниите кои вложуваат во тренинзи веќе бележат значајни резултати: повисока продуктивност, пониски нивоа на прегорување, подобра соработка меѓу тимовите и значително задржување на талентите. Обуките не се трошок – тие се стратегија.

Особено се барани програми за:

  • Развој на лидерски вештини
  • Дигитални компетенции
  • Комуникациски и софт-скилс обуки
  • Управување со промени и стрес
  • Продажба и клиентско искуство

Во услови каде пазарот на труд станува сè подинамичен, компаниите кои не инвестираат во своите луѓе ризикуваат да го изгубат највредниот ресурс – знаењето.

Обуките се враќаат посилни од кога било. Организациите што ќе ги препознаат како клучен дел од својата стратегија ќе ја предводат следната фаза на раст. Останатите ќе се соочат со сè потешка битка за талент.

Прочитајте и за: Тренд што не смее да се игнорира: вработените сакаат смисла, не само плата

Тагови: HR

Промовирани огласи »

Вработување во Макпетрол, А1 Македонија и Штедилница Можности!

Огласи за работа во Макпетрол, А1 Македонија и Штедилница Можности!

Денес ви ги издвојуваме најпосетуваните работни позиции од реномирани компании на KARIERA.mk, се надеваме дека ќе го најдете вашето идеално работно место меѓу нив.

Макпетрол АД отсекогаш бил предводник во примената на новитетите во погонските горива, во унапредувањето на квалитетот на своите производи, како и во воведувањето на алтернативни погонски горива кои придонесуваат за поголема заштита на животната средина. На тој начин, во сите овие години ние успеваме да ја задржиме лидерската позиција во дистрибуцијата и прометот со нафтени деривати во Република Северна Македонија.

Моментално вработува:

БРАВАР ВО ОДДЕЛЕНИЕ ЗА РЕГИОНСКИ ПОПРАВУВАЧИ
ВИШ СТРУЧЕН СОРАБОТНИК ВО ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ФИНАНСИИ
СТРУЧЕН СОРАБОТНИК ВО ОДДЕЛЕНИЕ ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА

Брендот B Watch датира уште во далечната 1920 год, започнувајќи како семејна традиција на продажба, дистрибуција како и сервисирање на висококвалитетни часовници и накит.

Моментално вработува:

AСИСТЕНТ ЗА ПРОДАЖБА – СКОПЈЕ

Лидл е семеен бизнис заснован на едноставна филозофија: дека клиентите заслужуваат најквалитетни стоки и намирници по цени што секој може да си ги дозволи.

Моментално вработува:

МАСТЕР ДАТА СПЕЦИЈАЛИСТ ВО ОДДЕЛ НАБАВКИ
КОПИРАЈТЕР / СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА КРЕИРАЊЕ МЕДИУМСКА СОДРЖИНА
СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ГРИЖА ЗА ПОТРОШУВАЧИ

СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА АНГАЖИРАНОСТ НА ВРАБОТЕНИ
СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ПРИВЛЕКУВАЊЕ НА ТАЛЕНТИ
СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА СИНЏИР НА НАБАВКИ
КОНСУЛТАНТ ЗА СВЕЖИ И ЗАМРЗНАТИ ПРЕХРАНБЕНИ ПРОИЗВОДИ

ПЕКО ДОО Скопје е застапник на повеќе брендови меѓу кои и познатите: Ciciban, Planika, Paar, Imac, Nicola Benson, Stefano, Fly flot, Ara, Gabor, Zen, Alpina, Clarks, Obuca Marko, Urban fly, Walker flex, Atrai, Alberola, Girza, Legero, Fantasy, Mubb, итн.

Моментално вработува:

ПРОДАЖЕН АСИСТЕНТ ВЕЛЕС

Пивара Скопје АД е една од најстарите и најпрепознатливи компании во Македонија, со традиција што трае повеќе од 100 години. Основана во 1924 година, денес Пивара Скопје е водечки производител на пиво, безалкохолни пијалаци и вода, и горд партнер на светските брендови Coca-Cola и Heineken.

Моментално вработува:

УНАПРЕДУВАЧ НА ПАЗАРОТ - ТЕТОВО
УНАПРЕДУВАЧ НА ПАЗАРОТ - КУМАНОВО (М/Ж)
МАГАЦИОНЕР

Рамстор Македонија е една од водечките малопродажни синџири во земјата. Од своето основање во 2005 година, компанијата постојано расте и денес располага со широка мрежа на супермаркети и трговски центри низ цела Македонија.

Сите огласи од Рамстор Македонија можете да ги најдете ТУКА.

Вдл Ван Хоол Македонија Дооел Илинден, белгиски реномиран производител на автобуси, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје 2, во Бунарџик.

Моментално вработува:

ТЕХНИЧАР ЗА ОДРЖУВАЊЕ

Компанијата А1 Македонија е член на Групацијата А1 Телеком Австрија, водечки провајдер за комуникациски и дигитални решенија во Централна и Источна Европа.

Сите огласи од А1 Македонија можете да ги најдете ТУКА.

Групацијата Виндија опфаќа 14 компании, од кои 8 се со седиште во Хрватска и 6 во соседните земји. Вработува повеќе од 4.000 луѓе. Беспрекорниот квалитет на производите на Виндија е препознаен на бројни меѓународни саеми, што со гордост ја направи компанијата добитник на бројни награди.

Моментално вработува:

ВОЗАЧ ДИСТРИБУТЕР

Штедилница Можности е финансиска институција која постои повеќе од 22 години на финансискиот пазар во Република Северна Македонија, додека почетоците на микро кредитирањето преку Можности датираат од 1996 година.

Моментално вработува:

СЛУЖБЕНИК ЗА ОДНОСИ СО КЛИЕНТИ ВО ЕКСПОЗИТУРА ГОСТИВАР

Зегин ДОО е првата приватна компанија во Република С. Македонија регистрирана за продажба на лекови.

Сите огласи од Зегин можете да ги најдете ТУКА.

Се уште невработени?! Сите останати активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »