МАКПЕТРОЛ лого

Стручен соработник во Одделение за безбедност и здравје при работа

За компанијата:

Уште од основањето, повеќе од седум децении, Макпетрол АД отсекогаш бил предводник во примената на новитетите во погонските горива, во унапредувањето на квалитетот на своите производи, како и во воведувањето... повеќе за компанијата »

ПРИДРУЖЕТЕ СЕ НА ЛИДЕРСКАТА КОМПАНИЈА ВО ЕНЕРГЕТИКАТА!

Макпетрол АД е синоним за доверба, квалитет и иновации во енергетскиот сектор! Со  78 години искуство, ние сме најголемата компанија за снабдување со горива, природен гас и енергетски решенија во Северна Македонија. Нашата широка мрежа од 126 бензински станици, постојаните инвестиции во еко-горива и нашите над 2000 вработени ја прават компанијата идеално место за професионален раст и развој.

Ако сте амбициозни, посветени и сакате да бидете дел од успешна приказна, ова е вашата шанса!

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

СТРУЧЕН СОРАБОТНИК ВО ОДДЕЛЕНИЕТО ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА

Работно место: Стручен соработник во Одделението за безбедност и здравје при работа во Сектор за човечки ресурси во Дирекција за човечки ресурси на определено време од 5 (пет) месеци со можност за продолжување на договорот.

Работни задачи и одговорности:

  • Спроведување и унапредување на системот за безбедност и здравје при работа согласно законската регулатива.
  • Изработка, ажурирање и контрола на акти, процедури, планови и упатства од областа на БЗР.
  • Организирање и учество во изработка на периодични процени на ризик и подготвување на извештаи.
  • Следење на условите за работа, идентификација на потенцијални опасности и предлагање мерки за подобрување.
  • Планирање, организација и реализација на обуки од областа на БЗР.
  • Планирање, организација и реализација на здравствени прегледи.
  • Водење евиденции и подготовка на редовни извештаи кон раководството.
  • Следење и анализа на несреќи при работа и предлагање превентивни мерки.
  • Координација со надворешни овластени компании и инспекциски органи.

Потребни квалификации и вештини:

  • Завршено високо образование
  • Положен стручен испит за безбедност и здравје при работа - Сертификат за стручно лице по БЗР;
  • Најмалку 2 години работно искуство во областа на БЗР.
  • Познавање на законската и подзаконска регулатива за БЗР.
  • Возачка дозвола Б категорија.
  • Добро познавање на MS Office пакет.
  • Одлични комуникациски и презентациски вештини.
  • Проактивност и способност за препознавање и спречување ризици.
  • Тимска работа и координација со повеќе организациски единици.

Извршување на работните задачи и работно време: Работните задачи се извршуваат во управната заграда на „Макпетрол“ АД Скопје, на ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр. 4. Работното време е од 08:00 часот до 16:00 часот, од понеделник до петок.

Што нудиме?

  • Конкурентна плата и додатоци
  • Континуирана едукација и професионален развој
  • Работа во стабилна и реномирана компанија
  • Приватно здравствено осигурување под услови утврдени во Компанијата

Начин на апликација:

Кандидатите својот интерес за вработување можат да го искажат преку пополнување на формуларот наведен во огласот.

лице за контакт: Јана Момировска

телефон за контакт: 02/3146-532

По истекот на рокот за поднесување на потребните документи, со кандидатите кои ги исполнуваат бараните услови, ќе биде спроведено интервју за вработување.

Изборот на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена по истекот на рокот на пријавувањето, во зависност од бројот на пријавените кандидати, а согласно членот 23 став 2 од Законот за работните односи.

Со аплицирањето се смета дека кандидатите се согласуваат Макпетрол АД Скопје да може да ги собира, обработува и чува нивните лични податоци за потребите на процесот на регрутација за цело време додека трае истиот, согласно законските прописи.

Кандидатите можат согласноста за обработка на личните податоци да ја повлечат во секое време со доставување на барање за истото на следниот e-mail: [најави се за да го видиш е-маилот]

Аплицирајте сега и станете дел од тимот што ја движи иднината!

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »