Промовирани огласи »

Ќе има ли поскапување на струјата по Нова година?

Прашање кое ги мачи граѓаните!

Ќе има ли поскапување на струјата за домаќинствата по Нoва година? Прашање на кое засега нема одговор, а ги мачи граѓаните. 

Се додека не се заврши тендерот на ЕСМ за снабдување со електрична енергија за една година, цената која е дадена од страна на компанијата и Владата јавно нема да се објави, бидејќи одлуката е донесена на затворена седница на Владата и е класифициран податот.

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски потенцираше дека како Влада водат грижа за стандардот на граѓаните и ќе продолжат со субвенционирањето на струјата за домаќинствата.

Ние се водиме да нема големи пореметувања на стандардот на граѓаните, импликација, од друга страна да продолжиме со субвенционирањето, бидејќи пазарната цена на електричната енергија е околу стотина евра во моментов, а за првпат се спроведува јавна набавка за цела година, не само за половина година. Така што во овој момент не можам да ја кажам цената. Но бидете сигурни дека водиме грижа за стандардот на граѓаните и продолжуваме и понатаму да ја субвенционираме електричната енергија за сите оние, коишто ја добиваат на регулираниот пазар, а тоа се домаќинствата, изјави Мицкоски.

ЕСМ ја достави новата цена на струјата до Владата, која вчера на затворена седница одлучуваше дали предлогот на електрани е прифатлив или пак не е прифатлив. ЕСМ електричната енергија за домаќинствата во моментов ја продава по 62 евра за мегават час. 

Тагови: ЕСМ сметки за струја

Промовирани огласи »

Вработување во Синцеритас!

Погледнете ги сите огласи за вработување во Синцеристас!

„Синцеритас“ АД Скопје е фармацевтска компанија чиј фокус на работење е култивирањето и производството на канабис за медицинска намена. Работните практики и политики во нашата компанија се усогласени со највисоките домашни и европски стандарди во фармацевтската индустрија (ISO, GACP, GMP) со цел производство на сув цвет и на масло од канабис со висока чистота и различни концентрации на CBD и THC.

Моментално вработува:

Аналитичар во лабораторија за фармацевтски анализи
Фармацевт во оддел за осигурување на квалитет
Сениор Аналитичар во микробиолошка лабораторија
QP - Квалификувано лице

Се уште невработени?! Сите останати активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Тагови: СИНЦЕРИТАС АД Скопје

Промовирани огласи »

Вистинскиот успех денес: Да имаш време и за себе

Тивката револуција: Луѓето конечно сфаќаат што значи да си навистина успешен

Со години успехот се мереше во бројки – плата, позиција, титула, преполни календари и работни денови без пауза. Но времињата се променија, а со нив и нашето разбирање за тоа што навистина значи да бидеш успешен.

Денес, се повеќе луѓе сфаќаат дека вистинската победа не е во тоа колку работиш, туку како живееш. Балансот меѓу професионалните цели и личното благосостојба станува клучен индикатор за квалитет на живот и најголемата инвестиција во сопствениот раст.

Зошто времето за себе е новиот „луксуз“ што сите го бараат?

Менталната јасност ги создава најдобрите резултати: Одморениот човек размислува подобро, создава повеќе и носи поквалитетни одлуки.

Преоптовареноста не е знак за посветеност туку аларм: Современиот професионалец учи да поставува граници, да каже „денес доста“ и да продолжи утре со повеќе енергија.

Квалитетниот живот го зголемува професионалниот успех: Луѓето што имаат време за семејство, хобија и одмор се покреативни, помотивирани и многу лојални кон компанијата што го овозможува тоа.

Балансот не е слабост – туку стратегија

Организациите веќе гледаат дека доброто управување со работното време, флексибилните модели и поддршката за личен развој носат подобри резултати од 12-часовни работни денови.

А луѓето? Сѐ повеќе одбираат работни места кои го почитуваат нивното време – затоа што успехот денес не е да го потрошиш животот на работа, туку да имаш работа која ти дозволува да го живееш животот.

Вистинскиот успех денес е едноставен: Да имаш време за себе, за оние што ги сакаш и за живот што не поминува само во рокови и состаноци.

Прочитај и за: Кариерни лекции што никој не ве учи

Тагови: HR совети за работа работен баланс

Промовирани огласи »

Тренд што не смее да се игнорира: вработените сакаат смисла, не само плата

Новиот приоритет на вработените: Смислата ја надминува платата

Во последните неколку години, пазарот на труд претрпе огромни промени – но една поента сè појасно се издвојува: вработените денес не се мотивирани само од платата. Тие бараат смисла, мисија и искрена поврзаност со работата што ја вршат.

Според повеќе глобални HR истражувања, повеќе од 70% од професионалците изјавуваат дека би прифатиле работа со пониска плата доколку таа им нуди поголемо чувство на значење и придонес. Младите генерации, особено Gen Z, ја ставаат психолошката безбедност, културата, интегритетот и јасната цел високо на листата на приоритети – често над бенефициите и бонусите.

Што навистина бараат вработените?

Мисија и визија што не се само постери на ѕид: Компаниите што автентично ги живеат своите вредности привлекуваат и задржуваат талент многу полесно.

Чувство дека нивната работа нешто менува: Луѓето сакаат да видат влијание – врз клиентите, тимот или општеството.

Вистинска грижа од менаџментот: Признание, транспарентна комуникација и поддршка се клучни за лојалност.

Култура каде вработените можат да бидат свои: Психолошката безбедност станува новата „валута“ на модерното работно место.

Што значи ова за компаниите?

Овој тренд е сигнал што организациите не смеат да го игнорираат. Во борбата за таленти, победуваат оние компании што создаваат средина во која вработените се чувствуваат слушнати, вреднувани и дел од поголема цел.

Компаниите кои не инвестираат во култура, мисија и јасна комуникација ризикуваат повисока флуктуација, пад на мотивацијата и изгубени таленти – нешто што веќе е скапа реалност за многу индустрии.

Платата можеби привлекува, но смислата задржува. Организациите што ќе успеат да создадат работна средина каде цели, вредности и луѓе се усогласени, ќе бидат тие што ќе го водат пазарот на труд во следната деценија.

Прочитај и за: Психолошка безбедност – новата валута во успешните компании

Тагови: HR

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »