Пивара Скопје АД лого

Магационер

За компанијата:

Пивара Скопје АД е една од најстарите и најпрепознатливи компании во Македонија, со традиција што трае повеќе од 100 години. Основана во 1924 година, денес Пивара Скопје е водечки производител на пиво,... повеќе за компанијата »

Активни огласи од Пивара Скопје АД:

Унапредувач на пазарот - Тетово

МАГАЦИОНЕР м/ж

КОИ СМЕ НИЕ

Ние сме Пивара Скопје, неприкосновен лидер на пазарот за производство и продажба на безалкохолни пијалаци, пиво и премиум алкохолни пијалаци., Постојано растеме и сме посветени на одржливиот развој како една од нашите главни заложби. Ние сме продажно-ориентирана компанија која континуирано воведува иновации во секојдневното работење и постојано ја проширува палетата на производи, одржувајќи највисоко ниво на квалитет и богатство од вкусови, со цел да бидеме 24/7 партнер за пијалаци.

Тука сме повеќе од 100 години и го поврзуваме нашето културно-историско богатство заедно со моќта на двете глобални групации на кои припаѓаме - Coca-Cola HBC и HEINEKEN. Постојано откриваме нови начини на испорака на најдобра услуга на нашите купувачи и уникатно искуство на нашите потрошувачи. И ќе продолжиме да го правиме тоа на начин што ќе ги инспирира нашите луѓе да победуваат како еден заедно со нашите купувачи.

Повеќе од 100 години градиме силни партнерства со нашите купувачи, потрошувачи и заедницата . Заедно создаваме, заедно растеме и заедно им се радуваме на сите досегашни успеси и на оние што допрва ќе дојдат, затоа што ние сме партнери засекогаш!

ШТО НУДИМЕ?

  • Обезбедена обука за работа
  • Обезбедена ХТЗ опрема
  • 24/7 осигурување од незгода
  • Обезбеден топол оброк и пијалаци во текот на работниот ден
  • Бесплатни компаниски производи за роденден и празници
  • Можност за обуки и развој поддржани од две интернационални компании
  • Фит кит –бесплатна месечна членaрина која овозможува пристап до повеќе од 300 спортски и други активности за подобрување на вашето здравје

РАБОТНИ ЗАДАЧИ:

  • Организација на магацински простор и складирање на залиха ​
  • Организавија и контрола на товарење и истовар на производ и амбалажа​
  • Водење точна евиденција за прием, издавање и залиха на готов производ, амбалажа и палети ​
  • Организација на опслужување на производни линии​
  • Kонтрола на пикирани палети​
  • Координирање на магацинските активности во работната смена во согласност со потребите на внатрешните и надворешните клиенти​
  • Спроведување на периодични пописи на залихите

ШТО БАРАМЕ:

  • Минимум ССП, ВСС ќе се смета за предност
  • Работно искуство во логистика, магацин и движење на готов производ ќе се смета за предност
  • Ориентираност и подготвеност за тимска работа и работа во смени

 Доколку се пронаоѓаш во описот и си подготвен/а за нови предизвици и можности за развој, аплицирај најдоцна до 30.11.2025г.

Неделното работно време за позицијата е од понеделник до петок, 40 работни часа. Избор на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45/90/120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавените кандидати. Со праќање на вашата апликација, давате согласност вашите податоци да бидат задржани и користени од компанијата во рок од 1 (една) година.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »