ПРИДРУЖЕТЕ СЕ НА ЛИДЕРСКАТА КОМПАНИЈА ВО ЕНЕРГЕТИКАТА!
Макпетрол АД е синоним за доверба, квалитет и иновации во енергетскиот сектор! Со 78 години искуство, ние сме најголемата компанија за снабдување со горива, природен гас и енергетски решенија во Северна Македонија. Нашата широка мрежа од 126 бензински станици, постојаните инвестиции во еко-горива и нашите над 2000 вработени ја прават компанијата идеално место за професионален раст и развој.
Ако сте амбициозни, посветени и сакате да бидете дел од успешна приказна, ова е вашата шанса!
ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ
ВИШ СТРУЧЕН СОРАБОТНИК ВО ОДДЕЛЕНИЕТО ЗА ФИНАНСИИ
Работно место: Виш стручен соработник во Одделението за финансии во Дирекцијата за финансии на определено време од 5 (пет) месеци со можност за продолжување
Работни задачи и одговорности:
- Тековни операции поврзани со денарски и девизен платен промет.
- Обработка, контрола и книжење на финансиски и сметководствени документи.
- Учество во подготовка на периодични финансиски извештаи.
- Асистенција при ревизии и финансиски контроли.
- Комуникација со државни институции, банки и надворешни соработници.
- Поддршка на тимот во други тековни финансиски и административни задачи.
Потребни квалификации и вештини:
- Завршено високо образование во областа на економските науки.
- Работно искуство од најмалку 1 година во финансии или сродна област.
- Познавање на основните сметководствени стандарди и даночна регулатива.
- Познавање на денарски и девизен платен промет.
- Напредно познавање на Microsoft Office.
- Напредно познавање на англиски јазик.
- Способност за аналитичко размислување и внимание на детали.
- Одговорност, професионалност и способност за тимска работа.
Извршување на работните задачи и работно време: Работните задачи се извршуваат во управната заграда на „Макпетрол“ АД Скопје, на ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр. 4. Работното време е од 08:00 часот до 16:00 часот, од понеделник до петок.
Што нудиме?
- Конкурентна плата и додатоци
- Континуирана едукација и професионален развој
- Работа во стабилна и реномирана компанија
- Можност за напредок и градење кариера во финансискиот сектор
- Приватно здравствено осигурување под услови утврдени во Компанијата
Начин на апликација:
Кандидатите својот интерес за вработување можат да го искажат преку пополнување на формуларот наведен во огласот.
лице за контакт: Јана Момировска телефон за контакт: 02/3146-532
По истекот на рокот за поднесување на потребните документи, со кандидатите кои ги исполнуваат бараните услови, ќе биде спроведено интервју за вработување.
Изборот на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена по истекот на рокот на пријавувањето, во зависност од бројот на пријавените кандидати, а согласно членот 23 став 2 од Законот за работните односи.
Со аплицирањето се смета дека кандидатите се согласуваат Макпетрол АД Скопје да може да ги собира, обработува и чува нивните лични податоци за потребите на процесот на регрутација за цело време додека трае истиот, согласно законските прописи.
Кандидатите можат согласноста за обработка на личните податоци да ја повлечат во секое време со доставување на барање за истото на следниот e-mail: [најави се за да го видиш е-маилот]
Аплицирајте сега и станете дел од тимот што ја движи иднината!