МАКПЕТРОЛ лого

Бравар во Одделение за регионски поправувачи

За компанијата:

Уште од основањето, повеќе од седум децении, Макпетрол АД отсекогаш бил предводник во примената на новитетите во погонските горива, во унапредувањето на квалитетот на своите производи, како и во воведувањето... повеќе за компанијата »

ПРИДРУЖЕТЕ СЕ НА ЛИДЕРСКАТА КОМПАНИЈА ВО ЕНЕРГЕТИКАТА!

Макпетрол АД е синоним за доверба, квалитет и иновации во енергетскиот сектор! Со  78 години искуство, ние сме најголемата компанија за снабдување со горива, природен гас и енергетски решенија во Северна Македонија. Нашата широка мрежа од 126 бензински станици, постојаните инвестиции во еко-горива и нашите над 2000 вработени ја прават компанијата идеално место за професионален раст и развој.

Ако сте амбициозни, посветени и сакате да бидете дел од успешна приказна, ова е вашата шанса!

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

БРАВАР ВО ОДДЕЛЕНИЕТО ЗА РЕГИОНСКИ ПОПРАВУВАЧИ

Работно место: Бравар во Одделението за регионски поправувачи при Секторот за сервисирање, верификација и финансии во Дирекција за одржување на определено време од 5 (пет) месеци со можност за продолжување на договорот.

Работни задачи и одговорности:

  • Интервенции и поправки на автомати за точење гориво и ТНГ, како и други уреди (компресори, пумпи, броила)
  • Монтажа, демонтажа и замена на делови и елементи (црева, пиштоли, волуметри), како и нивна репарација (во работилница, а по потреба и на терен)
  • Учествување во теренски интервенции низ различни региони на цела територија на државата
  • Почитување на стандардите за безбедност и правилата за техничка исправност
  • Водење евиденција за извршени поправки и интервенции

Потребни квалификации и вештини:

  • Завршено средно техничко образование (машинско или сродно);
  • Претходно работно искуство од 2 години
  • Основно познавање на англиски јазик
  • Возачка дозвола Б категорија

Извршување на работните задачи и работно време: Работните задачи се извршуваат во седиштето на Дирекцијата за одржување на ул. Благоја Стефковски бр.66, Скопје, но по потреба и надвор од седиштето во рамки на границите на Република Северна Македонија. Работата за време на неработни денови, празници и прекувремена работа се плаќаат дополнително, а согласно Законот за работните односи и подзаконските акти, вклучувајќи и сите законски додатоци како што се минат труд, работа во недела и други предвидени надоместоци.

Што нудиме?

  • Конкурентна плата и додатоци
  • Работа во стабилна и реномирана компанија
  • Приватно здравствено осигурување под услови утврдени во Компанијата

Начин на апликација:

Кандидатите својот интерес за вработување можат да го искажат преку пополнување на формуларот наведен во огласот.

лице за контакт: Јана Момировска

телефон за контакт: 02/3146-532

По истекот на рокот за поднесување на потребните документи, со кандидатите кои ги исполнуваат бараните услови, ќе биде спроведено интервју за вработување.

Изборот на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена по истекот на рокот на пријавувањето, во зависност од бројот на пријавените кандидати, а согласно членот 23 став 2 од Законот за работните односи.

Со аплицирањето се смета дека кандидатите се согласуваат Макпетрол АД Скопје да може да ги собира, обработува и чува нивните лични податоци за потребите на процесот на регрутација за цело време додека трае истиот, согласно законските прописи.

Кандидатите можат согласноста за обработка на личните податоци да ја повлечат во секое време со доставување на барање за истото на следниот e-mail: [најави се за да го видиш е-маилот]

Аплицирајте сега и станете дел од тимот што ја движи иднината!

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »