
Помошник раководител на сектор за инспекциски надзор
- Објавен пред една недела
- Агенција за храна и ветеринарство
- Активен до 20.06.2025
- Позиција: државен службеник
Општи услови
- да е државјанин на Република Македонија,
- активно да го користи македонскиот јазик,
- да е полнолетен,
- да има општа здравствена способност за работното место,
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
Посебни услови
- ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Земјоделски и ветеринарни науки - земјоделство, шумарство и рибарство или ветеринарни науки
- најмалку 4 (четири) години работно искуство по дипломирање од кои најмалку 1 (една) година како инспектор
Општи работни компетенции
- решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг
- учење и развој
- комуникација
- остварување резултати
- работење со други/тимска работа
- стратешка свест
- ориентираност кон странките/засегнати страни
- раководење и
- финансиско управување
Посебни работни компетенции
- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
- потврда за положен испит за административно управување
- активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски)
Распоред на работно време
- Работни денови: понеделник-петок
- Работни часови: 40 неделно
- Работно време: од 07:30 до 15:30
- Опис за работното време: - Опис за работното време:
Паричен нето износ на плата: 43.821,00 денари