ПЗУ Специјална болница ДИАМЕД лого

Доктор - Специјалист по дерматовенерологија

За компанијата: Основана во 2010 година, Д.Мед Медикал е првата приватна специјална болница во Македонија по Нефрологија со дијализа. Како дел од германската групација D.med Healthcare, дадовме значителен придонес во македонскиот здравствен систем, особено за пациентите на кои им е потребна хронична дијализа. повеќе за компанијата »

(преземи го огласот како PDF)

 

­ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

 

ПЗУ Специјалната болница за нефрологија со дијализа Diamed е дел од D.Med Healthcare Group со седиште во Дизелдорф, Германија. D.Med Healthcare Group е глобален проваидер на медицински услуги и производи со посебен фокус на нефрологија со дијализата како и производи во други медицински области. Специјалната болница Диамед, како дел од групацијата обезбедува висококвалитетни услуги за дијализа за пациенти кои имаат бубрежни заболувања, бубрежна инсуфициенција и пациенти кои се на хронична програма за хемодијализа и хемодијафилтрација.

ПЗУ Специјалната болница Диамед располага со модерна биохемиска лабораторија која нуди лабораториски услуги за сите пациенти. Во 2016 година болницата успешно го имплементира ­­системот за управување со квалитет и се стекна со Сертификат за квалитет според стандардот ISO 9001:2005, ICS, IQNET сертификат.  За потребите на болницата отвараме  ПЗУ Поликлиника Д. Мед Медикал 2  во нас. Ѓорче Петров Скопје,  каде имаме потреба од:

 

 

 1. Доктор – Специјалист по дерматовенерологија,

 

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ И ПОЗНАВАЊА:

-Завршено високо образование/соодветна специјализација и едукација во естетика

-Лиценца за работа,

- Претходно искуство ќе се смета за предност/ но може да конкурираат и кадидати

без претходно работно искуство

-Одлично познавање на англиски јазик

-Познавање на работа со компјутери

 

ЛИЧЕН ПРОФИЛ

Професионален однос кон работата, одговорност и дисциплинираност,

Почитување на правила и кодекс на работа,

Внимателност и прецизност при  работењето,

Способност за индивидуална и тимска работа,

Способност за преземање  иницијатива и мотивираност за постојана едукација/надградба на знаењата,

Процена на проблеми и решавање на проблеми, флексибилност како и висока работна етика.

 

 

Што нудиме:

Конкурентско месечно примање, регрес на годишен одмор, можност за дополнителни едукации во областа на дерматовенерологијата и естетиката, позитивна работна атмосфера, тимска работа, каде што посветеноста, професионализмот и лојалноста се препознаени.

 

Огласот е отворен 15 дена. Дискреција на кандидатите е загарантирана и само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат повикани на интервју. Доколку сметате дека ги исполнувате погоре наведените услови, испратете ни ја Вашата биографија односно CV, на следниот е-маил:   [најави се за да го видиш е-маилот]

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · забава · hr вести · hr совети · блог
барај огласи за вработување »