ТОЗ-МК лого

Комерцијалист

За компанијата:

Компанијата ТОЗ-МК Д.О.О.Е.Л. е основана во 2005 година и изграден е бренд препознатлив по производите како и квалитетот и брзината на испорака, извршување на услугите во областа на канцелариски, школски... повеќе за компанијата »

  • Објавен пред 3 месеци
  • ТОЗ-МК
  • Активен до 25.09.2025
  • Позиција: Комерцијалист/Агент
  • Локација: Скопје
  • Веб: toz.com.mk

ТОЗ-МК компанија е увозник и дистрибутер на канцелариски и школски производи и активни работи од 2003 година, со седиште во Скопје.

Што може да очекувате

  • Обука и поддршка од компанијата
  • Работа во динамична и стабилна средина
  • Можност за унапредување и раст во кариерата

Основни работни задачи и одговорности

  • Активна продажба на производите од нашето портфолио (канцелариски и школски производи)
  • Контактирање и посета на постоечки и нови клиенти
  • Презентација на производи и подготовка на понуди
  • Следење на пазарот и трендовите во индустријата
  • Изработка на извештаи и остварување на месечни продажни таргети
  • Вршење на наплата на побарување од коминтенти
  • Иницира започнување на соработка со нови и проширување на соработка со постоечки коминтенти

Работно време:

📅 Од понеделник до петок
🕗 08:00 – 16:00 часот

Барани квалификации:

  • Завршено најмалку средно образование (високо ќе се смета за предност)
  • Искуство во продажба е предност
  • Одлични комуникациски и преговарачки вештини
  • Проактивност, амбициозност и ориентираност кон резултати
  • Возачка дозвола – категорија Б (активен возач)
  • Работа со Микрософт Офис и основни компјутерски програми

Место на работна позиција

Локација – населба Аеродром, област Мичурин, поазади Американ Колеџ

Бихејвиорални компетенции

Технички:

  • Градење односи со купувачи / клиенти
  • Ефективна комуникација
  • Техники на продажба
  • Управување со времето

Лични:

  • Менаџирање конфликти
  • Достапност
  • Посветеност кон остварување резултати
  • Агилност
  • Уредност, одговорност и точност
  • Добри комуникациски вештини

Патување

Потребно е постојано службено патување преку посета на купувачи

Се бараат само кандидати од градот во кој се наоѓа работното место.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »