Одговорно лице за маркетинг и промоција, координирање и извршување на стратегии на компанијата за социјални медиуми, вклучувајќи ги платформите - Facebook, Instagram и Pinterest.
Идеалниот кандидат поседува одлично познавање и искуство со дигиталниот маркетинг, како и одлично познавање на водечките социјални веб страни.
Потребни квалификации:
- Напредно познавање на платформите Facebook, Instagram и Pinterest;
- Познавање на англискиот јазик (писмени и говорни комуникациски вештини);
- Претходно работно искуство и познавање на основно ниво на графички дизајн, Adobe Photoshop, Illustrator, Microsoft Word и Excel;
- Силни организациски способности и прилагодливост кон обемот на работата;
- Креативност и иницијативност за самостојно истражување, максимална посветеност и одговорност кон реализирање проекти, почитување рокови и работа под притисок;
- Високи естетски критериуми и иновативност;
- Развиено чувство на типографија, брендирање, илустрација, фотографија, естетика;
- Активно познавање на глобалните трендови во областа на дизајн и адвертајзинг (рекламирање).
Работни обврски:
- Често ажурирање на социјалните медиуми со релевантни производи, фотографии, видеа и друга содржина;
- Изработка на дизајни и креативи;
- Изработка на дизајн на визуелни решенија за маркетинг кампањи и продажни промоции;
- Избор на бои, фонтови, фотографии, распоред и други дизајнерски елементи;
- Онлајн пристап и промоција со користење на социјалните медиуми;
- Промоција и маркетинг на сите производи на Компанијата;
- Соодветно информирање на Клиентите за производите и тековните понуди на Компанијата;
- Фокусирање на можноста за зголемување на бизнисот, следење на повратни информации и барања на клиенти;
- Способност за тимска работа
Компанијата нуди:
- Конкуретна редовна плата;
- Работа во работен простор во Скопје со фиксно работно време;
- Можност за личен и професионален развој и можности за напредок во кариерата;
- Пријатна работна атмосфера со тим фокусиран на креативноста и слободно изразување
Заинтересираните кандидати да испратат CV на следната е-маил адреса - [најави се за да го видиш е-маилот] . Дополнително во прилог заедно со Вашата лична биографија, потребно е да изработите ревизија на логото на нашата компанијa, кое можете да го преземете од следниот линк - https://we.tl/t-KM2Mtgffac и преку кое ќе можете да ја изразите и докажете вашата креативност и уникатност.
Кандидатите со најдоброто лого ќе бидат повикани на разговор и ќе бидат соодветно наградени.