СИКЕР Солушн дооел лого

Магационер / Дистрибутер

Плата од 40.000 ден.

За компанијата: ДТУ Сикер Солушн дооел Скопје е основана во 2010 год. во Скопје. Наша главна дејност е увоз и дистрибуција во продавници за бои и лакови, железарии, автоделови, бензински станици, супермаркети. Наши... повеќе за компанијата »

(преземи го огласот како PDF)

 

Дистрибутер/ магационер

За компанијата:

ДТУ Сикер Солушн дооел Скопје  е основана во 2010 год. во Скопје, со седиште на ул.Жил Верн 12б во Кисела Вода. Наша главна  дејност е увоз и дистрибуција на бои, лакови, лепила, поликолори, алат  и пратечка програма во продавници за бои и лакови, железарии, автоделови, бензински станици, супермаркети на цела  територија на Македонија. Наша мисија, визија и цел е да внесеме корисни, практични и лесно употребливи производи во секое домаќинство.

Работиме постојано и напорно за унапредување и подобрување на нашите перформанси.

Еден од клучните фактори е нашиот тим на вработени  кој е исклучително заслужен и важен во целокупниот процес:

  • Редовна и навремена достава на производите до нашите партнери
  • Доближување на реномирани брендови и мултинаменски производи корисни во секое домаќинство

Наши партнери се:

POXIPOL

KAPKA

NEVENA COLOR

www.sicer.mk

Опис на работно место:

  • Дистрибуција на роба со службено возило во Скопје и цела територија на Македонија според  неделен план
  • Водење грижа за возилото,  робата и документацијата при достава
  • Спремање нарачки
  • Организација и одржување ред во магацинот
  • Работно време понеделник до петок 8-16ч , викенд и празници се неработни

Квалификации:

  • Валидна возачка дозвола "Б" или “Ц” категорија
  • Основно познавање на работа на компјутер
  • Завршено средно образование
  • Предност е теренско познавање на градовите низ Македонија 

Од вас очекувавме:

  • Одговорност и посветеност
  • Флексибилност и снаодливост во стресни ситуации
  • Склоност кон тимска работа
  • Искреност и доверливост

Сите заинтересирани кандидати да пратат CV на [најави се за да го видиш е-маилот]

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »