СИНЦЕРИТАС АД Скопје лого

Менаџер за човечки ресурси

За компанијата: Синцеритас е фармацевтска компанија основана во 2017 година, специјализирана за производство на производи од медицински канабис. Компанијата е извозно ориентирана, со сопствен производствен капацитет во... повеќе за компанијата »

Менаџерот за човечки ресурси е одговорен за поддршка на развојот и одржувањето на функциите на корпоративните човечки ресурси, вклучувајќи регрутирање и селекција, постојана комуникација со останатите менаџери и вработените, развој и имплементација на политики и програми, обука и развој и управување со перформанс менаџмент.

Идеалниот кандидат е професионален, фокусиран на бизнисот, смирен под притисок, кој работи со повеќе задачи. Менаџерот за Човечки ресурси е во брзо темпо на опкружување и одлично се справува со сите промени кои се дел од секојдневната динамика во Компанијата.

Одговорности:

  • Регрутирање и селекција, одржување на интервјуа и вршење на евалуација  на потенцијални интервјуирани кандидати со крајна цел врабтување во Компанијата.
  • Активно следење на законската регулатива (Одлично познавање на Законот за работни односи и Општ колективен договор за приватните стопанства) во постојана координација  со секторот за правни работи.
  • Изработува интерни Правилници, најразлични процедури и СОП (Стандардна оперативна постапка) за потребите на секторот за Човечки ресурси во согласност со GMP стандардите.
  • Одговорен за изработка и ревидирање на систематизација на Компанијата во координација со Главниот извршен директор и Оперативниот директор.
  • Изработува Описи на работни места во координација со Одговорните лица на секторите и врши нивно повремено ревидирање.
  • Врши Евалуација/Проценка на успешност на вработените во координација со Главниот извршен директор, Оперативниот директор и Одговорните лица на секторите.
  • Дава насоки и мислења до Главниот извршен директор и Оперативниот директор за вработените, во делот на промена на работната позиција,бенефиции, продолжување на Договори и сл. Врз основа на претходно утврдена Евалуација.
  • Води и ја олеснува промената во организациската култура и/или вредности во согласност со деловните стратегии и се грижи за надворешно подобрување и афирмирање на корпоративниот имиџ на Компанијата;
  • Спроведување на воведни обуки за сите вработени како и организирање на интерни и екстерни обуки согласно потребите за вработените;
  • Главен координатор и организатор на разни настани поврзани со вработените (Team building) како и тековни активности за мотивирање на вработените.

Барања

  • Одлично познавање на практиките, процедурите, законодавството и најдобрите практики за управување со човечки ресурси;
  • 10+ години искуство во човечки ресурси;
  • 5+ години во Менаџерска улога;
  • Oриентиран кон постигнување на резултати;
  • Високо организиран со силно внимание на деталите;
  • Одлични усни и писмени комуникациски вештини при комуникација со вработените и менаџментот;
  • Способност професионално да се справува со најразлични ситуации кај вработените, каде што се бара голема смиреност и концентрација за решавање на проблемите;
  • Тимски играч со силни лидерски вештини и ораторски вештини;
  • Одлично познавање на MS Office
  • Познавање на англиски јазик (вториот јазик е плус)

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Останати огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »