Промовирани огласи »

Министерството за образование и наука информира дека од утре почнува аплицирањето за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2025-2026 година.

Во ПОВИКОТ објавен од МОН се наведени условите и начинот на аплицирање. Рокот за пријавување за тековните и студентите кои ќе се стекнат со статус на студенти во академската 2025/2026 година е до 5 септември 2025.

Финансиската поддршка во износ од 140 денари е наменета за купување храна, а студентот може да ја користи од понеделник до сабота, кај правни лица кои произведуваат, подготвуваат или продаваат храна. Паричниот надомест не е предвидено да се исплаќа во периодот на летниот распуст од 1 јули до 1 октомври.

Аплицирањето се спроведува електронски преку порталот https://e-uslugi.mon.gov.mk/, а на повикот може да се пријават сите редовни студенти запишани на прв циклус, односно втор циклус на студии, како и на интегрирани студии на јавните и приватните универзитети во државата. Апликантите треба да се државјани на Република Северна Македонија и да немаат месечен приход по кој било основ поголем од минималната нето-плата во тековната година.

При поднесувањето на апликацијата, студентите задолжително пополнети и потпишани ги прикачуваат и обрасците Пријава за стекнување со право на субвенциониран студентски оброк и Изјава за точност на внесените податоци во пријавата за стекнување со право на субвенциониран студентски оброк. МОН по службена должност ги обезбедува сите останати докази за исполнетост на условите, кои ги поседуваат МВР, УЈП и студентските служби на факултетите.

Секој апликант кој има потреба од непосредна поддршка при аплицирање за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк, може да се обрати до Секторот за ученички и студентски стандард преку следниот контакт: [email protected], наведува МОН.

За реализација на исплатите за субвенциониран студентски оброк, Министерството за образование и наука склучи договор со Шпаркасе банка АД Скопје. Сите студенти кои ќе се стекнат со ова право, за што ќе бидат известени од МОН по електронски пат, ќе треба да потпишат договор со Шпаркасе банка за отворање посебна сметка, поврзана со наменска платежна картичка.

Можноста за аплицирање за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк ќе биде отворена во периодот од 1-ви до 5-ти секој месец од академската 2025/2026 година и тоа за пријавување на студентите кои не го оствариле правото на субвенциониран студентски оброк по Јавниот повик или чие право престанало поради неисполнување на некој од критериумите, тогаш кога повторно ќе ги исполнуваат, информира Министерството за образование и наука. 

Тагови: Министерство за образование и наука - МОН студенти

Промовирани огласи »

Како ИН Маркетинг ја претвори креативноста и дисциплината во успешна бизнис приказна

Женска енергија зад успешна маркетинг приказна

Кој е човекот со креативна визија и силна енергија зад маркетинг агенцијата ИН Маркетинг?

ИН Маркетинг е повеќе од агенција – таа е резултат на пријателство, доверба и заедничка страст кон креативноста и комуникацијата. Основана во 2017 година од две другарки и партнерки, Ивана и Николета - ИН Маркетинг е изграденa врз идејата дека најдобрите кампањи се раѓаат од емоција, стратегија и искрен пристап. Секоја од нас носи своја енергија, перспектива и сила, а заедно сме тим кој постојано предизвикува, креира и се вложува со срце во секој проект.

Како го претвори својот интерес за комуникација во успешна бизнис приказна?

Секогаш сум верувала дека комуникацијата е многу повеќе од зборови – таа е начин на размислување, однесување и поврзување со луѓето. Љубопитноста, потребата да разберам како размислува публиката, како се гради емоција преку порака, како една идеја станува бренд – тоа беше мојот двигател.

Со Ивана, со која веќе делевме многу слични вредности и визии, решивме да направиме нешто свое – нешто што ќе биде искрено, креативно и динамично. Така се роди ИН Маркетинг.
Нашиот интерес за комуникација прерасна во бизнис затоа што никогаш не гледавме на маркетингот како на „услуга“, туку како на партнерство со клиентите.

Клучот е да го правиш она што го сакаш, ама со дисциплина, искрен пристап и со луѓе на кои навистина им е грижа. Тогаш интересот станува приказна, а приказната – бренд.

Кои се трите најголеми предизвици со кои се соочи како жена лидер во светот на маркетингот – и што научи од нив?

Лидерството е патување полно со предизвици, особено кога си жена во светот на маркетингот, но секој предизвик носи и вредна лекција.

Првиот предизвик беше да се избориме за сериозност и доверба во средина што сè уште често ги поврзува лидерските улоги со машки имиџ. За да се надмине тоа, мора да се вложи дополнителен труд, знаење и доследност – и тоа научив дека вистинскиот авторитет не се добива, туку се гради со време и интегритет.

Вториот предизвик беше балансирањето помеѓу креативноста и бизнис резултатите. Како жена, често се очекува да имаш „емоционален пристап“, но научив дека токму тој баланс меѓу интуиција и аналитика создава најголеми резултати.

Третиот предизвик беше да останеме верни на нашата визија, и покрај надворешни притисоци и краткорочни очекувања.

Со Ивана ја создадовме ИН Маркетинг по наши правила, со вредности во кои веруваме.

Најважната лекција ми беше да верувам во себе и да не се плашам да бидам поинаква.

Дали постои „тајна формула“ за баланс меѓу кариера, мајчинство и личен живот?

За мене, сите овие нешта се подеднакво важни приоритети, и не постои магична формула што ги решава одеднаш. Сè е прашање на добра организација, јасно поставени граници и свесен избор што во кој момент е најважно.

Јас сум многу активна и постојано се трудам да стигнам секаде – од професионалните обврски до личните моменти. Но, мајчинството секогаш ми е на прво место, затоа што таму ја црпам најголемата енергија и мотивација. Семејството и пријателите ми се мојата најголема поддршка – тие се како мој личен тим за навивање, терапија и понекогаш мојот аларм кога треба “да се разбудам” .

Балансот не значи да си совршена во сè, туку да најдеш начин да дадеш максимум таму каде што е најпотребно, без да се изгубиш себеси во процесот.

Како физичката дисциплина и менталната сила ви помагаат да донесете подобри деловни одлуки?

Физичката активност ми е основа за јасен ум и стабилна енергија. Редовно вежбам, трчам и планинарам, што ми помага да се ослободам од стресот и да ја подобрам концентрацијата. Кога сум физички активна, ментално сум посилна и пофокусирана, што ми овозможува да донесувам поразумни и побалансирани деловни одлуки.

Дисциплината што ја градев преку спортот се пренесува и на работата – знам дека секој предизвик бара трпение, упорност и јасна стратегија, а тоа е клучот за успех.

Кои три совети би ѝ ги дала на млада жена што сака да започне сопствен бизнис денес?

1. Истрајност над перфекција – не мораш да знаеш сè однапред. Почни, адаптирај се и учи во движење.

2. Вистински вредности пред брзи резултати – остани верна на својата визија, дури и кога патот е подолг. Луѓето препознаваат автентичност и оригиналност. Остани своја.

3. Околина што инспирира, не што те исцрпува – избери да соработуваш со луѓе што те охрабруваат, а не кои се сомневаат во тебе. Енергијата што те опкружува ќе влијае врз сè што создаваш.

Промовирани огласи »

Огласи за работа во државна администрација!

Најнови огласи за работа во државна администрација!

Државната администрација нуди одлични можности за работа и кариера, а порталот KARIERA.mk е идеално место за најдобрите кандидати да ги пронајдат огласите за отворените позиции. 

На платформата ќе најдете различни работни места во јавниот сектор, од најниските до највисоките позиции во разни министерства, агенции и други државни институции.

Моментално отворени позиции:

Помлад инспектор Битола со градовите: Прилеп, Ресен, Крушево и Демир Хисар, Одделение за инспекциски надзор Битола со градовите: Прилеп, Ресен, Крушево и Демир Хисар, Сектор за инспекциски надзор и други работи, Државен пазарен инспекторат - Министерство за економија и труд

Помошник раководител на сектор за инспекциски надзор за безбедност на производи - Помошник главен инспектор, Сектор за инспекциски надзор и други работи, Државен пазарен инспекторат - Министерство за економија и труд

Помлад инспектор Штип со градовите: Кочани, Делчево, Берово, Виница, Свети Николе и Пробиштип, Одделение за инспекциски надзор Штип со градовите: Кочани, Делчево, Берово, Виница, Свети Николе и Пробиштип, Сектор за инспекциски надзор и други работи, Државен пазарен инспекторат - Министерство за економија и труд

Помлад инспектор - Скопје, Одделение за инспекциски надзор Скопје, Сектор за инспекциски надзор и други работи, Државен пазарен инспекторат - Министерство за економија и труд

Советник инспектор - Советник за инспекциски надзор Гостивар со градовите: Кичево и Македонски Брод - Инспектор, Одделение за инспекциски надзор Гостивар со градовите: Кичево и Македонски Брод, Сектор за инспекциски надзор и други работи, Државен пазарен инспекторат - Министерство за економија и труд

Сите останати позиции за во државна администрација можете да ги најдете ТУКА.

Тагови: државна администрација

Промовирани огласи »

Apple го засилува напредокот во вештачката интелигенција

Apple постигнува значителен напредок во развојот на вештачката интелигенција, со нови можности за паметниот дом и напредна верзија на Siri.

Apple конечно успеа да направи значителен скок во развојот на сопствените големи јазични модели, што според вработените, надминува очекувањата. Ова дозволува апликација на новата, напредна верзија на Siri, која ќе им овозможи на корисниците интеракција со податоци и информации во апликациите.

Со овој напредок, повторно се враќаат најавите за поголем влез на Apple во паметниот дом, кој треба да вклучува паметни екрани и други уреди поврзани со безбедноста на домот. Сепак, Apple и натаму разгледува и тестира интеграција на други јазични модели, како Claude од Anthropic, но приоритет останува на нивните сопствени модели.

Иако компанијата тестира различни опции, главниот фокус останува на обезбедување на приватноста и независноста од други компании. Големиот број на не толку значајни функции ја прават оваа фаза не проблематична за Apple, додека се подготвува за официјално лансирање на своите вештачки интелигентни производи.

Тагови: Apple Siri

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »