СОС Детско село лого

Менаџер/ка за грантови и финансирање

Активни огласи од СОС Детско село:

Специјалист/ка за застапување и комуникација

СОС Детско село е дел од глобалната мрежа на СОС Детски села Интернационал – водечка меѓународна организација посветена на поддршка на деца без родителска грижа и семејства во ризик. Организацијата делува и работи на развојни програми од областа на социјална заштита, социјална превенција и детски права. 

МЕНАЏЕР/КА ЗА ГРАНТОВИ И ФИНАНСИРАЊЕ (Grants and Funding Manager)

СОС Детско село Северна Македонија објавува оглас за работен ангажман на Менаџер/ка за грантови и финансирање, кој/а ќе има клучна и стратешка улога во идентификување, подготовка, управување и следење на проекти финансирани од различни институционални донатори, како и во обезбедување на усогласеност со донаторските барања и организациските политики. 

Ако сте визионер/ка со искуство во проектен менаџмент и развој на предлог-проекти и умеете да размислувате стратешки – ова е можност за вас да станете дел од менаџерскиот тим на СОС Детско село.  

КЛУЧНИ ОДГОВОРНОСТИ:

  • Стратешко планирање  за зголемување на самоодржливоста на организацијата  
  • Идентификување на можности за финансирање од институционални донатори (ЕУ,ИПА, УН агенции, амбасади, фондации и др.)
  • Подготовка на проектни предлози, буџети и апликации во соработка со програмскиот тим
  • Имплементација и следење на проектни активности согласно договорите со донатори
  • Подготовка на периодични и финални извештаи за донатори
  • Координација со финансискиот тим за следење на буџетска реализација
  • Одржување на комуникација со донатори и учество на состаноци и консултации
  • Следење на повици за предлози и донаторски политики
  • Обезбедување усогласеност со административни и финансиски процедури
  • Градење партнерства со институции и донатори.

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ И ВЕШТИНИ:

  • Високо образование во релевантна област (општествени науки, економија, право, јавна администрација)
  • Најмалку 5 години искуство во подготовка и имплементација на проекти финансирани од институционални донатори
  • Стратешко размислување и аналитички пристап
  • Одлични вештини за планирање, организација и пишување извештаи
  • Одлично познавање на проектен менаџмент
  • Искуство во подготовка на извештаи и буџети
  • Одлични комуникациски и организациски вештини
  • Одлични вештини за вмрежување и преговарање
  • Иницијативност и проактивност
  • Одлично познавање на англиски јазик (усно и писмено).

КОМПЈУТЕРСКИ ВЕШТИНИ И ПРОГРАМИ:

  • Напредно користење на MS Office пакетот (особено Excel, Word, PowerPoint)
  • Користење на Microsoft Teams и Outlook за координација
  • Познавање на Google Workspace (Docs, Sheets, Drive)
  • Искуство со онлајн платформи за аплицирање и известување (EU Funding & Tenders Portal, UN Partner Portal, FlexiGrant, и сл.)
  • Познавање на алатки за проектен и финансиски менаџмент
  • Предност ќе се смета познавање и примена на вештачка интелигенција (AI) за автоматизација на административни процеси, анализа на податоци и поддршка во подготовка на апликации и извештаи (на пример: ChatGPT, Copilot, Excel AI tools, Grammarly, Notion AI итн.).

Придружете ни се и бидете дел од тимот што прави разлика! 

💙 Ниту едно дете не треба да расте само! 💙

Напомена: Вашите лични податоци ќе бидат обработени со цел да се изврши процес на регрутирање за понудената работа. Доколку ни дадете експлицитна согласност, вашите лични податоци ќе бидат обработени и за учество во понатамошни процеси на регрутирање што ги спроведува СОС Детско село и испраќање известувања за понуди за работа.

СОС Детскo селo практикува политика на нулта толеранција за злоупотреба, дискриминација и непрофесионално однесување. Сите кандидати со самото аплицирање се смета дека се согласуваат со Кодексот на однесување и Политиката за заштита на деца и млади и се подготвени да работат согласно нив. Организацијата, исто така, се залага за унапредување на родовата еднаквост и активно придонесува кон одржување на родова рамнотежа во сите аспекти на своето работење.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »