„СНБ ФУД ИНВЕСТ ДОО “е застапник за Македонија на Доминос пица брендот, специјализиран за брза и навремена достава на највкусните пици.
Тимот на компанијата вклучува млади, креативни и амбициозни вработени со основна цел да развие ефикасна, ефективна, динамична и модерна работна околина. Во врска со проширувањето на активностите на компанијата, сакаме да вработиме амбициозен, снаодлив и одговорен вработен на позицијата
,, Oператор во Контакт Центар ”.
Обврските на операторот кој сакаме да го вработиме вклучуваат:
• Одговарање на дојдовни телефонски повици и креирање на посакуваната нарачка на клиентот
• Контактирање на клиентите со цел да се добие слика за нивниот впечаток од доставата, услугата и производот
• Преговарање со клиентите и насока да го одберат посакуваниот производ
• Aдминистрирање на добиените информации во базата на податоци.
Нашите барања кои операторот треба да ги поседува вклучуваат:
• Добра дикција и интонација на глас;
• Познавање и употреба на говорен англиски јазик
• Снаодливост;
• Преговарачки вештини;
• Добра компјутерска писменост;
• Тимски играч;
• Ориентираност кон позитивни резултати;
• Претходно работно исуство во контакт центар ќе се смета за предност;
• Работното време е во две смени
Ние нудиме:
• Можност за професионален развој;
• Можност за обука и зголемување на квалификациите;
• Динамична работа во млад и мотивиран тим;
• Редовна исплата на плата и надоместоци од плата
Ако сметате дека одговарате на нашите барања, а ние на Вашите очекувања, Ве молиме доставете ја Вашата детална биографија со фотографија на нашата електронска адреса [најави се за да го видиш е-маилот] , со назнака на позицијата за која аплицирате. Ние гарантираме доверливост на сите апликации за работа и ќе ги исконтактираме само одобрените кандидати во потесниот круг на избор. За прашања и информации околу работната позиција контактирајте ги Нашите оператори на 02/ 3125-125