Промовирани огласи »

Охрид добива директен лет до Базел: Визер ја најави новата рута

Wizz Air ја проширува својата мрежа со нова директна авионска линија од Охрид до Базел, која ќе започне со работа во октомври оваа година.

Wizz Air ја проширува својата мрежа со нова директна авионска линија од Охрид до Базел, која ќе започне со работа во октомври оваа година. Билетите се веќе достапни, со воведна цена од само 1.299 денари за еднонасочен лет, вклучувајќи ги сите такси и една рачна торба. Новата рута нуди пристап до еден од најинтересните градови во срцето на Европа, каде се спојуваат Швајцарија, Германија и Франција.

Базел, со својата уникатна локација и богато културно наследство, претставува совршено полетно место за сите оние кои сакаат да ја истражат Европа од поинаков агол. Од живата уметничка сцена до историските знаменитости – градот нуди многу, а сега е поблиску и подостапен благодарение на Wizz Air. Компанијата и понатаму вложува во поврзување на Македонија со европските метрополи.

Со оваа нова рута, Wizz Air ја зацврстува својата позиција како водечки авио-превозник во регионот. По неодамнешните лансирања на линиите до Барселона и Лион, компанијата ја демонстрира својата посветеност кон подобрување на авио-искуството за патниците од нашата земја – нудејќи им повеќе дестинации, попристапни цени и можност за авантури низ Европа.

Тагови: Wizz Air авио сообраќај

Промовирани огласи »

Проблеми во синџирот на снабдување: Зошто храната во регионот станува луксуз?

Цените на храната во Европската Унија, а особено на Балканот, продолжуваат да растат неоправдано, и покрај бојкотите на супермаркети од страна на потрошувачите.

Цените на храната во Европската Унија, а особено на Балканот, продолжуваат да растат неоправдано, и покрај бојкотите на супермаркети од страна на потрошувачите. Во обид да ја ублажи оваа ситуација, бугарската влада основа малопродажен ланец „Продавници за народот“, со максимална маржа од 10% и фокус на домашни производи. Целта е да се олесни пристапот до евтина храна во посиромашните и земјоделски региони, каде инфлацијата најтешко ги погодува граѓаните.

Здруженијата на потрошувачи и производители низ ЕУ алармираат дека високите цени најмногу ги погодуваат граѓаните, додека земјоделците добиваат сè помалку за своите производи. Профитите најмногу одат кај преработувачите и големите супермаркети, при што неколку држави, како Франција и Србија, отворија истраги за можни картелски договори меѓу трговските синџири.

Во Германија, четири малопродажни ланци контролираат 85% од пазарот, што според германската Комисија за монополи создава нелојална пазарна концентрација. Европските земјоделци и пратеници предупредуваат дека, за Европа да ја зачува својата прехранбена независност, потребно е фер пазарно уредување со одржливи економски и еколошки стандарди.

Како потенцијално решение, германската влада веќе воведе трилатерални договори меѓу земјоделците, преработувачите и трговците, за точно дефинирани маржи. Овој модел се разгледува и како европска препорака за да се стабилизира синџирот на храна и да се спречи дополнителен ценовен удар врз потрошувачите.

Тагови: Балкан бојкот цени ЕУ

Промовирани огласи »

Вработување во H&M, ZIA, Fashion Group!

Огласи за работа во H&M, ZIA, Fashion Group!

Денес ви ги издвојуваме најпосетуваните работни позиции од реномирани компании на KARIERA.mk, се надеваме дека ќе го најдете вашето идеално работно место меѓу нив.

H&M е компанија водена од вредности која сака да го поведе патот кон поинклузивен свет. За нас, Разновидноста и инклузијата се однесуваат на тоа кои сме ние и кои сакаме да бидеме. Придружете ни се во правењето стилот поодржлив, а модата поинклузивна. Во H&M, ве покануваме да бидете свои и ве предизвикуваме да растете и да направите разлика. Добредојдовте во H&M, каде што можете да бидете свои и повеќе.

Моментално вработува:

СОВЕТНИК ЗА ПРОДАЖБА

Lear Corporation Macedonia компанијатакоја се бави со производство на автомобилски навлаки и седишта во ТИРЗ - Тетово.

Моментално вработува:

MATERIAL PLANNER
TRANSPORT ADMINISTRATOR - SKOPJE
TRANSPORT ANALYST - SKOPJE
MATERIALS ADMINISTRATOR - LOGISTICS CENTER IN SKOPJE OFFICE
PROCESS ENGINEER

Алкалоид Скопје е компанија која повеќе од осум децении работи на производство на лекови, преработка на билни суровини и на производство на козметички и на хемиски производи.

Моментално вработува:

СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ФАРМАЦЕВТСКИ ДИГИТАЛЕН МАРКЕТИНГ

Лидл е семеен бизнис заснован на едноставна филозофија: дека клиентите заслужуваат најквалитетни стоки и намирници по цени што секој може да си ги дозволи. Веќе повеќе од четириесет години, уникатниот пристап на Лидл ги менувa и подобрувa заедниците во 30 земји, каде што Лидл се прошири и оперативно работи со околу 12.200 продавници и вработува повеќе од 376.000 луѓе.

Моментално вработува:

ЗАМЕНИК МЕНАЏЕР НА МАРКЕТ
КООРДИНАТОР НА ГРУПА ЗА ЛОГИСТИКА (НА ОБУКА)
СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ТАЛЕНТИ
СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ПРИВЛЕКУВАЊЕ НА ТАЛЕНТИ
ЦАРИНСКИ ДЕКАЛАРАНТ

ВДЛ Ван Хоол Македонија е дел од холандската Групација ВДЛ. Компанијата дојде во земјава во 2012 година кога ја изгради и фабриката во Технолошко индустриската развојна зона Скопје2 во Бунарџик, со што ја врати традицијата на автобуската индустрија во земјата.

Сите огласи од Ван Хоол Македонија можете да ги најдете ТУКА.

Fashion Group повеќе од 20 години важи за најголема малопродажна модна групација во земјава, а во нејзиното портфолио ќе најдете некои од најголемите светски реномирани брендови како Hugo Boss, Diesel, Guess, Bitsiani, Mango, Springfield, Okaidi, Superdry, Timberland и други.

Моментално вработува:

МАГАЦИОНЕР

Ел Дорадо 05 ДОО Скопје е основач на брендот ZIA кој работи повеќе од 7 години, и е пласиран на пазарот со 6 продажни локации, меѓу кои Г.Т.Ц., Приземје (спроти Жена парк), Т.Ц.Лептокарија (до Зегин од внатрешната страна), Capitol Mall, 1 спрат, East Gate Mall, Приземје, Skopje City Mall 1 спрат и Битола Широк Сокак.

Моментално вработува:

ПРОДАЖБА - CITY MALL / EAST GATE MALL / CAPITOL MALL

Групацијата Виндија опфаќа 14 компании, од кои 8 се со седиште во Хрватска и 6 во соседните земји. Вработува повеќе од 4.000 луѓе. Беспрекорниот квалитет на производите на Виндија е препознаен на бројни меѓународни саеми, што со гордост ја направи компанијата добитник на бројни награди.

Моментално вработува:

ВОЗАЧ ДИСТРИБУТЕР - Ц КАТЕГОРИЈА

Зегин ДОО е првата приватна компанија во Република С. Македонија регистрирана за продажба на лекови.

Сите огласи од Зегин можете да ги најдете ТУКА.

Се уште невработени?! Сите останати активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Промовирани огласи »

Дали викендот ќе ни го расипе дождот? Еве какво време се најавува

Во текот на викендот, и во Скопје ќе има повремени поројни врнежи од дожд со грмежи и засилен северен ветер

Под влијание на влажен бран, утре и во недела се очекуваат врнежи од дожд проследени со грмежи и засилен северен ветер со повремени удари над 70 км/ч. Локално, врнежите ќе бидат поројни и обилни со можност за појава на невреме и град, особено во јужните и источните делови каде се очекуваат 30 до 50 литри на метар квадратен дожд.

Во текот на викендот, и во Скопје ќе има повремени поројни врнежи од дожд со грмежи и засилен северен ветер. Во одредени делови од котлината постои ризик од краткотрајно невреме.

Се препорачува внимателност при појава на електрични празнења, со избегнување на престој на отворен простор и под осамени дрвја за време на нестабилни временски услови.

Временска прогноза за Скопје. За другите градови кликни ТУКА.

23.05.2025 Петок   17° 06:09   20:55
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h























17°

2
24.05.2025 Сабота   13° / 17° 06:08   20:56
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h
17°
17°
15°
15°
14°
14°
14°
15°
15°
15°
15°
15°
15°
16°
17°
17°
16°
16°
15°
14°
14°
13°
13°
13°

2

2

3

3

3

3

3

3

3

3

3

3

3

3

4

4

4

4

4

4

4

3

3

3
25.05.2025 Недела   11° / 18° 06:08   20:57
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h
13°
13°
13°
13°
12°
12°
12°
12°
13°
13°
13°
14°
16°
18°
18°
18°
18°
18°
17°
16°
14°
13°
12°
11°

3

3

3

3

3

3

4

4

5

4

4

5

4

4

5

5

5

5

5

4

4

3

4

4
Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »