Промовирани огласи »

УНИБанка ве поканува на UniQ TIME: Промоција за млади што очекуваат многу – а добиваат повеќе!

Млад си? УНИБанка ти дава повеќе отколку што очекуваш – дознај како!

УНИБанка ве поканува на UniQ TIME: Промоција за млади што очекуваат многу – а добиваат повеќе!

Време е за нешто свежо, ново и total #UniQ!

Плаќај лесно – живеј гласно!

На 29 мај (четврток), биди дел од промоцијата на UniQ – новиот пакет специјално креиран за млади до 25 години!

🎧 На пултот: DJ Babura Junior – за атмосфера каде нема место за седење!

📍 Каде? Експозитура на УНИБанка, East Gate Mall, I кат

🕓 Кога? 29.05.2025 (четврток), од 14:00 до 19:00 часот

Очекувај:

✔ Атмосфера за паметење

✔ Netflix vibe

✔ Музика што ќе те движи

✔ Фотографирање, подароци и многу изненадувања

✔ Шанса да дознаеш зошто UniQ е создаден баш за тебе!

Во меѓувреме не го пропуштај GIVEAWAY-от на Dyson Пегла и Play Station!

👉 https://www.instagram.com/reel/DJ85X9yNzTe/?igsh=MnRlOXQ3M2RrejYw

Биди дел од новото движење на младите!

UniQ – затоа што твојот стил заслужува повеќе.

👉 https://unibank.mk/news/promocija-na-paket-za-mladi-uniq.nspx

📲 Сподели го настанот, собери го друштвото и дојди да бидеш дел од #UniQМоментот!

 

Тагови: УНИ БАНКА АД

Промовирани огласи »

Германскиот БДП без раст – Увозните царини и глобалните кризи ги забавуваат економиите

Очекувањата се дека германскиот БДП ќе започне да расте повторно дури од 2026 година, и тоа со стапка од само 1%

Германската економија се соочува со предизвици, а како главни фактори кои ќе влијаат на нејзиниот развој во блиска иднина се издвојуваат американската царинска политика и владините финансиски мерки. Според Моника Шницер, претседател на Советот на економски мудреци, економијата се наоѓа во особено слаба фаза, без значајни придобивки од глобалниот економски раст. Американските увозни царини негативно влијаат врз меѓународната трговија, што претставува голем проблем за Германија како извозно ориентирана економија.

Минатата година Германија извезла стоки во вредност од 161,3 милијарди евра во САД, што претставува 10,4% од вкупниот германски извоз – највисок удел од 2002 година. Поради стагнацијата на извозот, овој сегмент е особено загрозен. Со оглед на важноста на американскиот пазар за германските компании, тековната ситуација со трговските ограничувања претставува сериозен ризик за економската стабилност на земјата.

Поради севкупните економски услови, Советот на економски мудреци ја намали прогнозата за растот на германската економија за 2025 година од 0,4% на 0%, додека Европската комисија исто така предвидува нулта стапка на раст. Очекувањата се дека германскиот БДП ќе започне да расте повторно дури од 2026 година, и тоа со стапка од само 1%.

Тагови: БДП Германија

Промовирани огласи »

Просечната нето плата во март 44 763 денари

Раст од 10,5 % во споредба со истиот месец минатата година, објави Државниот завод за статистика.

Просечната месечна нето-плата по вработен во март 2025 година изнесувала 44.763 денари, што претставува раст од 10,5 % во споредба со истиот месец минатата година, објави Државниот завод за статистика.

Овој пораст најмногу се должи на зголемувањето на платите во следниве сектори: Образование (15,8 %), Рударство и вадење камен (14,1 %) и Административни и помошни услужни дејности (12,5 %).

Во споредба со претходниот месец, пораст на платата е забележан во секторите: Рударство и вадење камен (12,3 %), Уметност, забава и рекреација (6,8 %) и Преработувачка индустрија (6,4 %). Просечната месечна бруто-плата во март 2025 година достигна 67.240 денари.

Тагови: Државен завод за статистика зголемување на плата просечна плата

Промовирани огласи »

Добро или лошо? Вистината за кафето и здравјето

Кафето е еден од најконсумираните пијалаци во светот, и со причина – освен што не разбудува, има и бројни корисни својства за здравјето.

Кафето е еден од најконсумираните пијалаци во светот, и со причина – освен што не разбудува, има и бројни корисни својства за здравјето. Богато е со антиоксиданси и може да помогне во намалување на ризикот од некои хронични болести, како што се Паркинсонова болест, Алцхајмерова болест и тип 2 дијабетес. Умерената консумација (2–3 шолји дневно) може да го подобри менталниот фокус, расположението и општата когнитивна функција.

Сепак, прекумерното внесување кофеин може да има и негативни последици. Премногу кафе може да предизвика несоница, вознемиреност, забрзано чукање на срцето или зголемен крвен притисок. Исто така, кај луѓе со осетлив стомак, кафето може да доведе до појава на киселина или дигестивни проблеми. Бремените жени и луѓето со кардиоваскуларни болести треба да бидат особено внимателни со количината на кофеин што ја внесуваат.

Најдобриот пристап е рамнотежа – кафето може да биде дел од здрав животен стил ако се консумира умерено и без прекумерни додатоци како шеќер и калорични сирупи. За максимален бенефит, препорачливо е да се комбинира со здрава исхрана, физичка активност и доволно сон.

Тагови: здравје кафе

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »