Промовирани огласи »

Германскиот БДП без раст – Увозните царини и глобалните кризи ги забавуваат економиите

Очекувањата се дека германскиот БДП ќе започне да расте повторно дури од 2026 година, и тоа со стапка од само 1%

Германската економија се соочува со предизвици, а како главни фактори кои ќе влијаат на нејзиниот развој во блиска иднина се издвојуваат американската царинска политика и владините финансиски мерки. Според Моника Шницер, претседател на Советот на економски мудреци, економијата се наоѓа во особено слаба фаза, без значајни придобивки од глобалниот економски раст. Американските увозни царини негативно влијаат врз меѓународната трговија, што претставува голем проблем за Германија како извозно ориентирана економија.

Минатата година Германија извезла стоки во вредност од 161,3 милијарди евра во САД, што претставува 10,4% од вкупниот германски извоз – највисок удел од 2002 година. Поради стагнацијата на извозот, овој сегмент е особено загрозен. Со оглед на важноста на американскиот пазар за германските компании, тековната ситуација со трговските ограничувања претставува сериозен ризик за економската стабилност на земјата.

Поради севкупните економски услови, Советот на економски мудреци ја намали прогнозата за растот на германската економија за 2025 година од 0,4% на 0%, додека Европската комисија исто така предвидува нулта стапка на раст. Очекувањата се дека германскиот БДП ќе започне да расте повторно дури од 2026 година, и тоа со стапка од само 1%.

Тагови: БДП Германија

Промовирани огласи »

Просечната нето плата во март 44 763 денари

Раст од 10,5 % во споредба со истиот месец минатата година, објави Државниот завод за статистика.

Просечната месечна нето-плата по вработен во март 2025 година изнесувала 44.763 денари, што претставува раст од 10,5 % во споредба со истиот месец минатата година, објави Државниот завод за статистика.

Овој пораст најмногу се должи на зголемувањето на платите во следниве сектори: Образование (15,8 %), Рударство и вадење камен (14,1 %) и Административни и помошни услужни дејности (12,5 %).

Во споредба со претходниот месец, пораст на платата е забележан во секторите: Рударство и вадење камен (12,3 %), Уметност, забава и рекреација (6,8 %) и Преработувачка индустрија (6,4 %). Просечната месечна бруто-плата во март 2025 година достигна 67.240 денари.

Тагови: Државен завод за статистика зголемување на плата просечна плата

Промовирани огласи »

Огласи за работа во Куманово!

Најнови огласи за работа во Куманово!

Куманово, како еден од поголемите градови во Македонија, нуди голем број можности за работа во различни индустрии. Без разлика дали сте млад професионалец, квалификуван работник, или студент кој бара прво работно искуство, пазарот на труд во Куманово нуди разновидни опции за сите профили на кандидати.

Моментално се отворени следниве работни позиции:

Референт за продажба во Куманово
Менаџер за Корпоративни клиенти во експозитура Куманово
Продавачи во салон за расвета - Куманово
Кредитен консултант во филијала Куманово
Продавач/Касиер (м/ж) - Реон Куманово
Оператор - Куманово
Заменик Раководител на експозитура Куманово

Се уште невработени?! Сите останати работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Прочитајте и за: Огласи за работа во Охрид!

Промовирани огласи »

Огласи за работа во државна администрација!

Најнови огласи за работа во државна администрација!

Државната администрација нуди одлични можности за работа и кариера, а порталот KARIERA.mk е идеално место за најдобрите кандидати да ги пронајдат огласите за отворените позиции. 

На платформата ќе најдете различни работни места во јавниот сектор, од најниските до највисоките позиции во разни министерства, агенции и други државни институции.

Моментално отворени позиции:

Соработник за внатрешна ревизија, Одделение за внатрешна ревизија - Јавно сообраќајно претпријатие Скопје

Советник на директорот за човечки ресурси - ЈП Водовод и канализација - Скопје

Раководител на одделение за образование, Одделение за образование, Сектор за образование, социјална, детска и здравствена заштита - Општина Чаир

Самостоен референт за изготвување на изводи од урбанистички планови, Одделение за спроведување на урбанистички планови, Сектор за урбанизам, уредување на градежно земјиште, комунални работи и заштита на животната средина - Општина Чаир

Помлад референт за упатување на граѓани, Одделение за информатичко комуникациска инфраструктура и архивско-канцелариско работење, Сектор за општи работи и човечки ресурси - Општина Чаир

Сите останати позиции за во државна администрација можете да ги најдете ТУКА.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »