Потребни квалификации:
• Образование: ВСС во областа на економија, право или градежништво ќе се смета за предност;
• Работно искуство: Претходно слично професионално искуство во изработка на тендерска документација, искуство во областа на безбедност и здравје при работа, архивирање на документација и др.
• Познавање на пишан и говорен Англиски јазик;
• Одлично познавање на MS Office пакетот, Windows, Internet, познавање на Pantheon (ќе се смета за предност);
• Возачка дозвола- Б категорија
Дополнителни квалификации/способности/знаење:
• Способност за тимска работа; Организациски и комуникациски вештини; Презентациски вештини и искуство во подготовка на извештаи; Внимателна личност; Ориентираност кон детали, вештини за решавање проблеми и позитивен став кон работата.
Опис на работни задачи:
• Следење на објавени тендери на веб-страници и други медиуми;
• Обезбедување поддршка при подготовка на документација за учество на тендери во согласност со барањата на тендерот и воспоставените процедури;
• Одржување на базата на податоци на фирмата;
• Помагање во договорно, административно, финансиско и техничко следење на подготовката на тендерите;
• Извршување широк спектар на административни задачи и поддршка, како што се координација, планирање, толкување за време на состаноците и превод на релевантни документи и кореспонденција.
Вашата биографија, мотивационо писмо, со задолжително наведување на работната позиција за кој се пријавувате, телефонски контакт и адреса на електронска пошта, можете да ги доставите:
• По електронска пошта на e-mail : [најави се за да го видиш е-маилот] , [најави се за да го видиш е-маилот] , [најави се за да го видиш е-маилот]
Основна нето плата: 27.500,00
Краен рок за аплицирање: 23.03.2021 година.
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг на избор и кои ги исполнуваат бараните услови, ќе бидат повикани на разговор.