Друштво за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје лого

Самостоен референт за административни работи (логистика)

Плата од 20.000 ден. до 30.000 ден.

За компанијата: ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје е Друштво за неживотно осигурување кое се стреми кон брз развој и зголемено учество на пазарот на осигурување во Република Северна Македонија. На нашите вработени им нудиме динамична... повеќе за компанијата »

Активни огласи од Друштво за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје:

Соработник за продажба

ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје е Друштво за неживотно осигурување кое се стреми кон брз развој и зголемено учество на пазарот на осигурување во Република Северна Македонија. На нашите вработени им нудиме динамична работа со можност за  професионален развој и надоградба, како и одлични услови за работа во средина со амбициозен и професионален тим.

Во согласност со нашата цел и стратегија имаме потреба од мотивирани и талентирани кандидати за вработување на следната работна позиција:

Самостоен референт за административни работи

  • Се грижи за навремено доставување на материјали за работа, основни средства и останата документација од Дирекција во продажни места на Друштвото и обратно;
  • Редовно одржува комуникација со сите организациони единици на Друштвото, како и сите продажни места низ државата во врска со нивните барања за достава на документација, средства за работа и без одложување го организира истото;
  • На неделна основа го посетува секое продажно место на Друштвото, по преходно изготвена агенда на посети, ги известува продажните места за посетата со барање да се изготви целосната документација потребна за достава во Генерална дирекција во Скопје;
  • При примопредавање на средства и/или документација задолжително потпишува Записник за примопредавање;
  • Се грижи за уредност на работење на службените возила на Друштвото, презема активности за нивно редовно сервисирање, регистрирање и осигурување;
  • Се грижи за направени трошоци при службени патувања и доставува извештај за сите направени трошоци со пропрантна доказна документација;
  • Одржува редовни контакти со лицата кои вршат техничко одржување на канцелариите на Друштвото и ги информира за сите дефекти, барања и други потреби на Друштвото;
  • Се грижи за почитување на процедурите за набавка на материјални средства, врши контрола на набавка на материјални средства за кои е определено во актите на Друштвото, се грижи за уредна комуникација со добавувачи, учествува во оценување на добавувачи како и врши други работи поврзани со набавки на средства и услуги;
  • Врши преглед и планирање околу снабденоста на просториите на Друштвото со потрошни материјали и средства за одржување на хигиената;
  • Ги прегледува фактурите за купени производи и утврдува дали се усогласуваат со доставените стоки и услуги;
  • Врши и други работи на барање на претпоставените.
  • Потребни квалификации и карактеристики:

            Универзитетска диплома;

            Најмалку 1 година работно искуство во областа на административни работи;

            Познавањето на англиски јазик е задолжително, додека познавањето на турски и/или албански јази ќе се  смета за предност;

            Одлични комуникациски вештини;

            Способност за тимска работа;

Доколку сакате да станете дел од нашето Друштво, испратете ни ваше CV и мотивационо писмо на следната е-маил адреса:  [најави се за да го видиш е-маилот] , со назнака “Оглас за вработување на „Самостоен референт за административни работи”.

Со доставувањето на вашата апликација потврдувате дека прифаќате вашата апликација и лични податоци да бидат земени во предвид за идните потреби од нови вработувања на Друштвото. 

Нaпомена:  Само кандидатите што ќе влезат во потесниот круг ќе бидат повикани на интервју.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · забава · hr вести · hr совети · блог
барај огласи за вработување »